Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут
Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива нараквица врз ракавот.

Во зима, капутите и јакните се најважниот дел од аутфитот. Ако, пак, треба да поминеме повеќе време на отворено, колку и да сме дотерани, сè ќе биде скриено.
Но, капутот е и парче облека што е поскапо, па не можеме да си купиме неколку како што е случај со џемпери, сакоа, кошули…
Ако капутите што веќе ги имате ви стануваат здодевни, а не ви се даваат пари за нов, има начин како да му го подобрите изгледот.
Пет трикови што ќе ви помогнат:
Јака или шал од вештачко крзно
Можете да го претворите капутот во потполно нов модел ако додадете јака или шал од вештачко крзно.
Овој детаљ најдобро изгледа на винтиџ волнени модели, но и капути со едноставен крој.
Визуелно го подобрува целиот изглед, а притоа ќе ви даде дополнителна заштита од ладно.

Колан
Коланот одамна не е само функционално парче, туку моден детаљ кој прави голема разлика.
Можете да ставите колан и врз капут и веднаш ќе добиете уникатен изглед, а ќе ја нагласите и половината.
Коланот изгледа мошне добро на пошироки модели.

Брош
Популарноста на брошовите постојано се зголемува.
Можете да го украсите капутот со еден брош или да ставите неколку за повпечатлив изглед.

Монохроматски изглед
За впечатлив изглед можете да облечете и облека во потполно иста боја како капутот, вклучувајќи ги чевлите.
Или, искомбинирајте слични нијанси за монохроматски изглед.

Нараквица врз ракавите
Нараквиците не се гледаат кога носиме капут, но затоа, пак, можете да ги ставите на ракавите.
Со овој трик, и наједноставниот капут изгледа модерно и стилски.

Спирова С. | Црнобело
