5 модели на чанти кои им се омилени на парижанките (а се модерни и кај нас)

Една од стилските тајни на парижанките е таа што тие не носат тренди чанти, туку избираат парчиња кои се едноставни, а притоа можат да се комбинираат со секаква гардероба.

5-modeli-na-chanti-koi-im-se-omileni-na-parizhankite-a-se-moderni-i-kaj-nas-01_copy.jpg

Парижанките, како и жените во Франција генерално, избираат чанти кои се изработени од квалитетен материјал за да траат подолго.

Почесто се решаваат за безвременски материјал наместо за форми и големини кои за неколку месеци веќе нема да се во мода.

Дел од овие чанти се модерни и кај нас.

А какви чанти најчесто избираат парижанките?

Плетена чанта

Плетените чанти се совршени за летни прошетки по улиците на Париз и покрај Сена.

Овие чанти одамна не се само додаток за плажа, туку се одлични и за низ град, за на работа, совршено се комбинираат со памучни фустани, ленени костуми и класични балетанки.

Според стилистите, дури и наједноставната облека станува повпечатлива со таква чанта.

5-modeli-na-chanti-koi-im-se-omileni-na-parizhankite-a-se-moderni-i-kaj-nas-02.jpg

Чанта од велур со кратки рачки

Ако треба да изберат само една чанта што би ја носеле секојдневно, повеќето Французинки би избрале (средно) голема торба со кратки рачки.

Во неа собира сè - шминки, клучеви, мобилен телефон, слушалки, екстерен полнач, огледалце, книга и уште многу работи кои секоја жена, индивидуално, ги смета како основни за неа.

Оваа чанта изгледа елегантно, особено ако е еднобојна и од велур.

Одлично се комбинира со тренч палто, фармерки или комбинезон панталони.

5-modeli-na-chanti-koi-im-se-omileni-na-parizhankite-a-se-moderni-i-kaj-nas-03.jpg

Торба од лакирана кожа

Овој минијатурен модел има средно голема рачка, па ви ги ослободува рацете и не го „преоптоварува“ вашиот изглед.

Подеднакво е соодветна и за дневно и за вечерно излегување.

Парижанките особено ги сакаат овие чанти поради нивната практичност - совршени се за на прошетка, за возење велосипед или додека седат на кафе на летна тераса.

5-modeli-na-chanti-koi-im-se-omileni-na-parizhankite-a-se-moderni-i-kaj-nas-04_copy.jpg

Торба во форма на корпа

Цврстата форма на овие чанти оддава впечаток на „вечна класа“.

Французинките ги избираат кога одат во канцеларија, на деловни состаноци, но и за секојдневно носење.

5-modeli-na-chanti-koi-im-se-omileni-na-parizhankite-a-se-moderni-i-kaj-nas-05.jpg

Едноставна чанта, која наликува на мини куфер

Оваа чанта е едноставна, не е многу голема, а сепак во неа има доволно простор да собере најнеопходни предмети.

Може да се носи со секаков тип на облека, а особено добро се комбинира со широки фармерки, кошули, маички, преголеми јакни и патики.

5-modeli-na-chanti-koi-im-se-omileni-na-parizhankite-a-se-moderni-i-kaj-nas-06_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
8 модели на чанти кои ќе доминираат по крајот на летото – хит за есен 2025 Змиски принт, големи чанти во кои собира и облека за викенд патување, кафеави ча...
8 модели на чевли што ќе доминираат во пролет 2026 (иако повеќето се чудни) Проѕирните чевли изгледа повторно се враќаат во мода (за жал), а ќе доминираат и...
8 модели на панталони кои се тренд и ќе ги засенат фармерките во 2025-та Широки palazzo панталони кои делуваат како долго здолниште, кожени панталони, ши...

Најчитани неделава