Сочен семеен ручек: Ќофтиња во сос со растопен кашкавал
Ако сакате брз и вкусен, сочен ручек за цело семејство или друштво, вреди да го пробате овој рецепт за ќофтиња, потопени во доматен сос и со запечен и растопен кашкавал - прсти ќе излижете.

Пробајте да направите ќофтиња на поинаков начин, сочни и вкусни, со растопен кашкавал.
Се прават лесно и брзо, може количината да ја зголемите по потреба и да имате вкусен ручек за цело семејство или друштво.
Потребни состојки:
За ќофтињата:
- 500g мелено месо по избор
- 1 јајце
- 1 лажица сол
- ½ лажица црн бибер
- ½ лажица црвен пипер
- 3 лажици лебни трошки
За сосот:
- 1 чешне лук
- 1 кромид
- 2 мали пиперки, црвена и зелена
- 1 лажица доматна паста
- 200g доматно пире
- 200ml вода
- Сол, бибер и црвена пиперка по вкус
- 100g рендан кашкавал (се става на крај)
Начин на подготовка:
- Во длабок сад убаво измешајте ги сите состојки за ќофтињата додека смесата не се изедначи.
- Покријте ги со фолија, оставете малку да се излади и стврдне смесата во фрижидер, па потоа формирајте топчиња со средна големина (или со големина по желба).
- Наредете ги во сад за печење, посипете ги со маслиново масло и ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени Целзиусови, околу 15 минути.
- Во меѓувреме, исечкајте го кромидот и пиперките на ситни коцки, ставете ги во тавче да се пржат, заедно со целото чешне лук, со постојано мешање.
- Пред да загори лукчето, извадете го од тавата, а додадете ги доматното пире, пастата и зачините, па на крај водата и оставете да продинста неколку минути.
- Истурете го сосот врз ќофтињата во тавата за печење, наредете кашкавал одозгора и вратете во рерна да се пече уште 10-15 минути.
Видео постапка:
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил
Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна
Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...