Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби
Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го правеа нашите баби - не може, а да не ви се допадне.

Летните колачи се вистински деликатес - во нивниот вкус има нешто, што мами и, како да ве поттикнува секогаш да барате парче плус.
Исклучок не е ни овој кремаст, мек колач, кој ќе ве освои уште со првиот залак.
Потребни состојки:
За текстото:
- 3 јајца
- 300ml кондензирано млеко
- 200g брашно
- 50gг кокосово брашно
- 15g прашок за пециво
За филот:
- 200ml млеко
- 1 јајце
- 80g шеќер
- 18g скроб (густина) или брашно
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 250g маскарпоне сирење
- 50g слатка павлака
За овошниот слој:
-->
-->
- 100g овошје (рибизли, боровинки, малиник, капини - по желба)
- 50g шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Ставете ги сите состојки за тестото во сад и мешајте со жица додека сè не се соедини.
- Смесата истурете во плех обложен со хартија за печење и печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 15 минути, па оставете тестото да се олади.
- Во тенџере ставете ги јајцето, шеќерот и ванилата, па додадете го млекото, скробот и добро измешајте.
- Ставете да се вари на средна температура и мешајте додека не се згусне.
- Покријте го филот со фолија и оставете да се олади.
- Изматете ја слатката павлака и спојте ја со изладениот крем за добро да се соедини.
- На крајот, додадете го и маскарпонето и спојте ја целата смеса во еден убав, густ фил.
- Подгответе го и филот со овошје (свежо или замрзнато) - сварете го со малку вода и шеќер во прав за да се згусне и да добиете компактна маса.
- Пресечете го тестото на половина. Навлажнете го едниот дел со млеко (по желба) за да биде помеко, па нанесете слој овошје, па прекријте со белиот крем.
- Ставете го вториот дел од кората и повторете ја постапката.
- Најгоре наросете со кокос.
- Оставете го колачот во фрижидер најмалку 3-4 часа, или, идеално, преку ноќ.
Видео постапка:
-->
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје
Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен
Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив
Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
