Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив

Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа – се мешаат банани, јагоди, пудинг и бисквити и нема да престанете да јадете.

kremast-plazma-kolach-so-puding-jagodi-i-banani-brz-lesen-i-neodoliv-01.jpg

Додека трае сезоната на јагоди, пожелно е правилно да ги искористите и да ги пробате највкусните благи рецепти.

Ова е десерт кој се подготвува многу брзо и лесно, треба само да направите пудинг и потоа да ги измешате сите состојки.

Потребни состојки:

  • 150g плазма бисквити
  • 300g свежи јагоди
  • 2 големи банани
  • 2 кесички пудинг од ванила + 900ml млеко + 3 лажици шеќер (за подготовка на пудингот)
  • Шеќер во прав по вкус

За прелив:

  • 250g бело чоколадо
  • 150ml слатка павлака

Начин на подготовка:

  • Подгответе го прво пудингот, сварете го млекото, па додадете го измешаниот пудинг според упатството, заедно со шеќерот и мешајте додека не се згусне.
  • Во длабок сад измешајте ги искршените бисквити, сечканите јагоди и банани на кругови, па прелијте ги со топлиот пудинг и соединете ги.
  • Додека мешате додадете шеќер во прав во количина според ваш вкус и убаво соединете ги повторно.
  • Истурете ја смесата во калап или длабока тава и распоредете рамномерно насекаде.
  • Во мало тенџере загрејте ја слатката павлака и додадете го белото чоколадо, мешајте додека не се соедини, па прелијте врз колачот.
  • Оставете да се стегне неколку часа во фрижидер.

Видео постапка:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...

Најчитани неделава