Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус

Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го имаат оригиналните Фереро Роше колачиња. Дали би го пробале?

kremast-ferero-roshe-tart-kje-barate-parche-plus-01.jpg

Едни од омилените колачиња на многу луѓе се подготвуваат во неколку различни варијанти, а една од нив е во вид на кремаст тарт со корнфлекс.

Иако на прва може да ви звучи чудно, токму корнфлексот ќе му го даде оној крцкав шмек на тартот, а вкусот е одличен - ист како оригиналот.

Потребни состојки:

За подлогата:

  • 200g темно чоколадо
  • 100g путер
  • 200g корнфлекс

Бел фил:

  • 400g бело чоколадо
  • 200g лешници
  • ¼ лажичка морска сол

Кафеав фил:

  • 200g темно чоколадо
  • 200ml слатка павлака
  • 100g печени, згмечени лешници

Начин на подготовка:

  • Ставете ги чоколадото и путерот во длабок сад и загревајте ги во микробранова печка на интервал од 30 секунди, па мешајте.
  • Вратете ја смесата неколкупати во микробрановата печка додека состојките не се спојат и стопат убаво.
  • Потоа во садот потоа додадете го корнфлексот и повторно изешајте.
  • Смесата ставете ја на дното на тркалезна тепсија и распоредете ја како тесто за чизкејк.
  • Оставете да се стегне во фрижидер или замрзнувач додека го правите белиот фил.
  • Во тава запечете ги лешниците па или ставете ги во процесор за храна да се измелат или измелете ги рачно со мелница за ореви.
  • Спојте ги белото чоколадо со лешниците и додадете малку сол, па мешајте рално за да добиете мазна смеса (или во вид на путер од кикирики ако користите процесор за храна).
  • Истурете го белиот фил врз изладената цврста основа за тарт и оставете да се стегне.
  • Кога ќе се стегне, направете го последниот фил - ситно исечкајте го чоколадото и растопете го.
  • Во друг сад, на пареа, ставете ја слатката павлаката, па кога ќе почне да се прават меурчиња, во неа ставете го стопеното чоколадото.
  • Мешајте да добиете мазна смеса, па во неа ставете ги лешниците кои сте ги запекле и згмечиле (да бидат на покрупни парчиња).
  • Истурете го темниот фил врз белиот, па ставете го тартот да се стегне во фрижидер (најдобро преку ноќ), а дури потоа послужете го.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кремаст колач со праски и путер, рецепт што го најдов во тефтерот на мајка ми Се топи во устата, зашто тестото после печењето е меко како пудинг, а праските м...
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg