Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата високо на листата „совршени сочни и кремасти десерти“. Пробајте да ја направите, нема да се покаете.

За подготовката на оваа торта ќе ви требаат малку повеќе труд и вештина, но уште со првиот пробан залак ќе ви биде јасно зошто ја нарекуваат „совршена“.
Па, ако сте расположени за мал кулинарски предизвик или имате некој повод за славење во најава, ова е тортата што треба да ја пробате.
Потребни состојки:
За кората (состојки за 1 кора - треба да испечете 4 исти кори):
- 4 белки
- 100g шеќер
- 80g мелени ореви
- 20g (2 лажици) какао во прав
За чоколаден крем:
- 16 жолчки
- 250g шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 50g какао во прав
- 40g пудинг со вкус на чоколадо
- 5dl млеко
- 250g чоколадо
- 250gг путер на собна температура
За фил од малини:
-->
-->
- 500g замрзнати малини
- 200g шеќер
- 3dl вода
- 2 кесички пудинг со вкус на ванила
Глазура:
-->
- 200g чоколадо
- 5 лажици масло

Начин на подготовка:
- Прво подгответе ги корите (за секоја кора се мати посебно).
- Изматете ги белките, па додадете шеќер и матете за смесата да стане цврста и мазна.
- Додадете ги мелените ореви и просеаното какао, па мешајте со лажица.
- Истурете ја смесата во подмачкана тркалезна тава (24 или 26) и печете ја кората околу 20 минути на 180 степени.
- Кога ќе ги испечете сите 4 кори, додека се ладат, подгответе го чоколадниот фил.
- Изматете ги сите жолчките со шеќерот, додадете ги ванилиниот шеќер, какаото и пудингот.
- Прелијте ги со малку млеко и соединете ги сите состојки.
- Истурете го остатокот од млекото во длабоко тенџере и почекајте да зоврие.
- Намалете ја температурата на ринглата, па во месото истурете ја смесата од жолчки и мешајте околу 5 минути.
- Додадете го чоколадото, кое сте го искршиле на парчиња и мешајте додека не се растопи.
- Оставете го да се излади на собна температура, па додадете го путерот (кој е, исто така, стопен на собна температура) и мешајте додека сите состојки не се соединат.
- Ставете го кремот во фрижидер добро да се излади, па уште еднаш кратко изматете ја со миксер.
- За филот со малини, сварете ги малините, шеќерот и 1dl вода.
- Измешајте го пудингот со 2dl вода, додајте го во малините и гответе на средна температура, со постојано мешање, околу 5 минути.
- Покријте го садот и почекајте филот да се излади.
- На крај наредете ја тортата - кора, 1/3 фил од малини, 1/3 чоколаден крем и повторете ја постапката уште двапати, а завршете со кора.
- Оставете ја тортата да отстои неколку часа во фрижидер, па прелејте ја со чоколадна глазура, направена од чоколадо и масло.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење
Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
Рецепт за турска бисквит торта со чоколаден прелив – се топи во уста
Најубавата и најсочната бисквит торта со бел крем, чоколаден прелив и вкус на ка...
Посно медено срце - сочна и здрава верзија на омилениот колач
Ако сте љубител на медено срце, а периодов постите, тоа не значи дека треба да с...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете
Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Црнобел колач со прелив од чоколадо и лешници - десерт за сечиј вкус
За сите љубители на колачи без филови, овој црнобел колач со чоколаден прелив е ...
