Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете
Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш кога ќе го правите сите ќе ви бараат парче плус.

Се подготвува многу едноставно, но се пече пополека, за убаво да „истишти“ и да не остане жив, особено во деловите кај боровинките.
Како да го подготвите?
Состојки:
- 220g брашно
- 150g шеќер
- 1 прашок за пециво
- малку сол
- 1 јајце
- 1/2 чаша млеко
- 1 лажица сок од лимон
- 100-150g грчки јогурт
- 400g боровинки
За преливот:
- 100g бело чоколадо
- 50ml течен шлаг (или слатка павлака)
Начин на подготовка:
- Измешајте ги сувите и влажните состојки за тестото во два посебни длабоки сада.
- Во првиот ставете ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво и солта и спојте ги со мешање со лажица, а во вториот ставете ги јајцето, млекото, грчкиот јогурт и сокот од лимон.
- Во овој сад, во кој се наоѓаат течните состојки, додадете ги сувите и убаво мешајте за да добиете течно тесто.
- Боровикните (кои може да се свежи или замрзнати) набрашнете ги, па додадете ги во тестото.
- Лесно измешајте со лажица за да се распоредат низ тестото, а притоа да не ги изгмечите.
- Печете на 190 степени околу 1 час.
- Кога колачот ќе биде скоро готов, подгответе го преливот - растопете ги белото чоколадо и течниот шлаг (во сооднос шлаг: чоколадо - 1:2, што значи можете и повеќе да ставите количински од двете состојки.
- Прелијте го колачот, оставете го малку да остине и послужете го млак, бидејќи тогаш е најсочен.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Летна манџа со домати и пиперки - најслаткото јадење кога сте гладни
Легендата вели дека во лето, кога некое дете на Балканот ќе каже дека му се јаде...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус
Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
-->
-->
