Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус

Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чоколадо ќе се стврдне, можете веднаш да ја јадете.

brza-torta-so-belo-chokolado-i-biskviti-bez-pechenje-kje-barate-parche-plus-01.jpg

Секогаш сме расположени за нешто благо, а лесно (за подготовка), нели?

Затоа ви нудиме брз рецепт за торта, која се прави без печење.

Потребни се само 6 состојки и малку трпение за да се стврдне откако ќе ѝ ја ставите чоколадната глазура.

Потребни состојки:

  • 300g бисквити
  • 700g кисела павлака
  • 10 крем банани
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 200g бело чоколадо
  • 100ml слатка павлака

Начин на подготовка:

  • Искршете ги бисквитите на парчиња и ставете ги во голем длабок сад.
  • Во истиот сад ставете ги киселата павлака и крем бананите, па мешајте со лажица за да се спојат убаво.
  • На крај додадете го и шеќерот во прав, па повторно мешајте за да се изедначат сите состојки.
  • Распоредете ја смесата во калап за торта од кој се вади страничниот дел (како во видеото).
  • Во тенџере на оган ставете го белото чоколадо искршено на коцки и слатката павлака.
  • Мешајте без престан за чоколадото да се стопи и двете состојки да се спојат во мазна смеса.
  • Прелејте ја тората, па оставете чоколадото да се олади и стегне и дури потоа послужете ја.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Рецепт за најмеките брауни колачиња, со крем сирење Кога за некое јадење велат дека е „лапни-голтни“, сигурно на ум ги имаат и овие ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg