3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост

Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепти мора барем еднаш да ги направите ако постите во следниот период.

3-posni-recepti-bez-maslo-vkusni-jadenja-za-bozhikjniot-post-01.jpg

На 28 ноември почнаа постите кои ќе траат до Божиќ.

За оние кои постат од првиот до последниот ден, понекогаш е предизвик да решат што сакаат да јадат тој ден.

И покрај мислењето дека бројот на посни јадења е лимитиран, сепак постојат многу повеќе рецепти од она што мислиме или што се дел од нашето редовно мени.

Па, ако сакате да пробате нешто ново, можеби еден од следниве предлози ќе ви се допадне:

Брза пита со компири и праз

Потребни состојки:

  • 400g пченично брашно
  • 200ml топла вода
  • ½ лажичка сол
  • 3 средни компири, рендани
  • 2 стапчиња праз, ситно исечкани
  • 250ml вода за динстање
  • 1 лажичка сув зачин
  • сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  • Замесете го тестото од брашно, вода и сол. Оставете го да отстои 20 минути.
  • Динстајте го празот во вода 10 минути, додадете ги компирите и динстајте уште 15 минути, долевајќи вода по потреба.
  • Зачинете го по вкус.
  • Развлечете го тестото и ставете го во тркалезна тепсија, така што ќе има тесто и надвор од рабовите од тепсијата.
  • Внатре истурете го филот, превиткајте го тестото што ви останало преку рабовите врз филот и печете 25-30 минути на 200°C.
  • Послужете ја питата дури откако ќе се излади целосно.

3-posni-recepti-bez-maslo-vkusni-jadenja-za-bozhikjniot-post-02.jpg

Супа од кисела зелка со компири

Потребни состојки:

  • 400g кисела зелка, исечена на мали парчиња
  • 2 големи компирa, исечени на коцки
  • 1 кромид, ситно исечкан
  • 1 рендан морков
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажица брашно
  • сол и бибер по вкус
  • 1 лажичка сув зачин (по желба)
  • 1,5-2l вода

Начин на подготовка:

  • Ставете ги кромидот и морковот во малку вода и динстајте ги 7-10 минути за да омекнат.
  • Додадете ја киселата зелка, па прелијте со 200ml вода и гответе уште 10 минути.
  • Додадете ги компирите и остатокот од водата, па варете ја чорбата 25-30 минути.
  • Во меѓувреме ставете 1 лажица брашно со црвен пипер во 100ml врела вода и варете додека да се згусне.
  • Кога ќе се спојат убаво состојките, со течноста прелијте ја супата и гответе уште пет минути.
  • Додадете сол, бибер, оставете да отстои 10 минути, а потоа сервирајте (можете да ја украсите со малку магдонос).

3-posni-recepti-bez-maslo-vkusni-jadenja-za-bozhikjniot-post-03.jpg

Мусака со печурки и компири

Потребни состојки:

  • 5 компири
  • 2 моркова
  • 1 пакување свежи шампињони
  • 3 чешниња лук
  • 1 рака ориз
  • ½ лута пиперка
  • По вкус сол, бибер

Начин на подготовка:

  • Компирите се лупат и се сечат на тркалца, морковите исто така, а шампињоните се сечат на малку подебели листови.
  • На дното на тавата прво се ставаат компирите, се редат печурки, па морковите, а потоа и оризот се посипува врз нив.
  • Се додава и ситно сечкан лук и неколку тркалца лута пиперка, па се зачинува со сол и бибер по вкус.
  • Постапката повторете ја уште еднаш за да има два реда во тавата.
  • Доколку ви останат шампиони, наредете ги најгоре.
  • Покријте со фолија и печете во рерна на 250 степени околку 35 минути.
  • Кога ќе биде готово, отстранете ја фолијата и печете малку за да биде горниот слој покрцкав.

3-posni-recepti-bez-maslo-vkusni-jadenja-za-bozhikjniot-post-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg