3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови
Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве држи сити, дајте ѝ шанса на некоја од овие три салати.

Во лето, кога преферираме полесна храна, класичниот ручек или вечера, можеме да го замениме со лесна летна салата.
Овие три рецепти се подготвуваат брзо, а вкусот им е одличен.
Ако ви треба идеја што да јадете деновиве, може да пробате една од овие три салати:
Салата со карфиол и авокадо
Оваа салата е одличен извор на витамин Ц, фолна киселина и витамин К.
Потребни состојки:
- 1 помала главица карфиол (или неколку света)
- 1 сечкано авокадо
- ½ чаша суво грозје
- 1 калинка
- 2/3 чаша бадеми
- 1 шака свежи листови од нане
- 1 шака магдонос
- ½ црвен кромид
За преливот:
- 4 лажици маслиново масло
- Сок и кора од 1 лимон
- 1 големо згмечено чешне лук
- 1 лажичка морска сол
- Бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Препечете ги бадемите во тава на тивок оган и мешајте редовно пет минути додека не поруменат и станат крцкави.
- Оставете ги да се изладат, а потоа исечкајте ги на покрупни парчиња.
- Варете го карфиолот додека не омекне целосно (до точка да почне да се распаѓа).
- Исечкајте ги ситно карфиолот (како трошки) и ставете го во длабок сад заедно со останатите состојки, вклучувајќи го и преливот.
- Посипете со семки од калинка и авокадо - не го мешајте за да се згмечи премногу.

Салата од виолетова зелка со јаболко и ореви
Оваа салата е совршена како прилог или да се јаде наместо лесен ручек или вечера.
Потребни состојки (количината ја ставате „од око“, зависно за колку луѓе подготвувате):
- Виолетова зелка
- Моркови (рендани).
- Јаболка
- Магдонос
- Ореви
- Сончогледови или семки од тиква
За преливот:
- Таан
- Јаболков оцет
- Сок од лимон
- Маслиново масло
- Сол и бибер
Начин на подготовка:
- Измешајте ги сите состојки за преливот во мала тегла, добро протресете за да се спојат и оставете ја настрана.
- Во длабок сад ставете ја ренданата црвена зелка, ренданите моркови, сечканиот магдонос и тенко исечените јаболка.
- Измешајте, па прелијте ги состојките со кремастиот прелив.
- По вкус, прилагодете ги солта и сокот од лимон.
- Пред сервирање, декорирајте ја со семките од сончоглед и со оревите

Салата од сладок компир, наут и спанаќ, со релив од таан
Наутот е богат извор на витамини, минерали и влакна, а неговото конзумирање во ваква салата може да има различни здравствени придобивки како подобрување на варењето на храната и засилување на имунитетот.
Потребни состојки (количината е по желба):
- Спанаќ
- Сладок компир
- Наут
- Семки од сончоглед или тиква
- Сушени брусница
- Лук во прав
- Црвен пипер
За преливот:
- 2 лажици таан
- 2-3 лажици јаворов сируп
- свежо исцеден сок од 1 лимон
- малку маслиново масло
Начин на подготовка:
- Испечете го претходно измиениот наут во рерна загреана на 220°C, на плех обложен со хартија за печење.
- Исечете го слаткиот компир на мали коцки и ставете го во плехот заедно со наутот.
- Прелијте со лажица маслиново масло, посипете со лук во прав, црвен пипер (или зачин по желба) и добро измешајте.
- Печете 20 минути.
- Во мал сад, измешајте го маслиновото масло со таанот, сокот од лимон и јаворовиот сируп за да добиете кремаста смеса. Ако е преливот густ, додадете многу малку вода.
- Топлиот наут и компир спојте ги со спанаќот и со преливот за салатата.
- Салатата можете да ја послужите топла или студена, по желба.

А. Ј. | Црнобело
