Кифлички со маслинки и морков по турски рецепт - ќе ги обожаваат сите

Турските јадења и рецепти се многу прифатени и во нашата кујна, па можеби веќе и сте ги правеле овие кифли со маслинки и морков и кашкавал кој се топли во средината.

kiflichki-so-maslinki-i-morkov-po-turski-recept-kje-gi-obozhavaat-site-01.jpg

Ако сепак не сте ги јаделе, замесете ги уште денес и уживајте во вкусот.

Верувајте, целото семејство ќе ги обожава овие вкусни залчиња.

Потребни состојки:

  • 250g путер на собна температура
  • 100ml растително масло
  • 150ml јогурт
  • 2 јајца (жолчката од едното оставете ја за премачкување)
  • 1,5 лажички сол
  • 1,5 лажици шеќер
  • 2 пакетчиња прашок за пециво
  • 650g брашно
  • Копар и магдонос по желба
  • 2 средни црвени пиперки
  • Околу 1/2 шолја маслинки без семки
  • 2 средни моркови
  • Кашкавал сечен на правоаголници (според бројот на топчиња за кифли ќе ја одредите и количината)

Начин на подготовка:

  • Ставете ги сите состојки во длабок сад (без зеленчукот) и месете додека не добиете убаво тесто.
  • Откако тестото ќе биде готово, додадете ги ситно исечканите маслинки, пиперките, морковот (може да биде и рендан на крупно) и магдоносот (плус копарот).
  • Месете додека состојките не се добро распоредени низ тестото, па поделете го на мали топчиња.
  • Секое топче сплескајте го со рацете, па ставете парче кашкавал во средината и обликувајте го како во видеото.
  • Премачкајте ги кифлите до жолчката што ви остана и печете во претходно загреана рерна на 200 степени додека убаво не поруменат.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка „Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg