Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути

Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на парчиња, ставете си веднаш во чаша и послужете се...

torta-so-puding-jagodi-i-banani-gotova-za-10-minuti-01.jpg 

Некогаш сакате веднаш да каснете нешто слатко, а да е истовремено и кремасто и сочно.

Токму затоа овој брз колач е идеално решение.

Се подготвува за 10 минути, а може да се јаде брзо откако ќе биде готов (или веднаш од чаша со лажичка, ако не ви се чека да се олади и да се спојат убаво вкусовите на состојките.

Потребни состојки:

  • 200g пандишпан или бисквити, по избор
  • 3 пудинга од ванила
  • 1l млеко
  • 200g путер (може да користите и маргарин)
  • 150g шеќер
  • 200gг кисела павлака
  • 300g јагоди
  • 2 банани

Начин на подготовка:

  • Сварете го пудингот по упатството на ќесичката, со шеќер и млеко.
  • Кога ќе се згусне, додајте го путерот и мешате додека не се растопи.
  • Потоа додадете ги павлаката, бисквитите или пандишанот (скршени на поситни парчиња) и мешајте за да се соединат убаво.
  • На крај, додадете ги сечканите јагоди и банани.
  • Смесата ставете ја во калап со дијаметар од 24-26cm.
  • Прво ставете половина од смесата, добро израмнете ја, па и вториот дел од смесата.
  • Одозгора можете да го украсите со шлаг или да растопите бело чоколадо.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
Рецепт за меки, шарени земички - идеални за појадок или вечера Можете да ги јадете само така, или да ги користите за сендвичи - што и да решите...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg