Рецепт за меки, шарени земички - идеални за појадок или вечера
Можете да ги јадете само така, или да ги користите за од нив да направите сендвичи - што и да решите нема да згрешите.

Наместо класични кифли или лепче, денес може да направите земички со зеленчук по оригинален турски рецепт.
Малку печена црвена пиперка, малку морков, урда или дробено сирење за филот...
Можете да ги јадете само така, или да ги користите за сендвичи - што и да решите нема да згрешите.
Потребни состојки:
- 4 печени и сечкани црвени пиперки
- 2 средни моркова, рендани на крупно
- Половина китка копар (ситно исечкан)
- 6,5 чаши брашно
- 1 чаша млеко
- 1 чаша топла вода
- 1 пакетче сув квасец
- 1 чаша растително масло
- 3 лажици растопен путер
- 1 лажица сол
- 4 лажици шеќер
- 2 јајца (1 во тестото, 1 за премачкување)
- Сусам за наросување
Начин на подготовка:
- Прво, измешајте го квасецот, шеќерот, водата и млекото, па кога ќе се спојат, додадете ги маслото и растопениот путер.
- Со просејување додадете го и брашното, па солта. Не ја зголемувајте количината на брашно, зашто тестото треба да биде меко.
- Ако е премногу течно, додадете уште околу половина чаша брашно, но малку по малку.
- На крајот ставете ги пиперките, копарот и ренданиот морков, па премесете го уште еднаш.
- Оставете го тестото да нарасне (најмалку 2 часа), па обликувајте во ворма на земички како што е прикажано во видеото.
- Додадете урда или дробено сирење, премачкајте ги со јајце, наросете со сусам.
- Ставете ги земичките во плех и оставете ги да отстојат во рерната уште половина час без да ја отворите вратичката за да нараснат во плехот.
- Потоа вклучете ја рерната и печете на 170 степени околу 30-35 минути.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
-->
