Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате

Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете да јадете по само едно парче...

lazanji-so-spanakj-i-sochno-pileshko-ruchek-shto-kje-go-obozhavate-01.jpg

Комбинацијата од сочно пилешко, спанаќ и бешамел сос значи само едно - вкусна храна што се топи во устата.

Ова е совршен ручек кога сакате да подготвите нешто домашно и вкусно, а притоа да не е тешо за јадење како класичните лазањи со мелено месо.

Во оригиналниот рецепт се користат лазањи од спелта (житарка слична на пченица), но можете да ставите класични кори, или пак интегрални тортиљи кои ќе ги пресечете по должина.

Потребни состојки:

  • 300g кори (од спелта) за лазањи
  • 500g пилешко филе
  • 500g спанаќ (свеж или замрзнат)
  • 300g крем сирење
  • 200g сирење
  • 2 чешниња лук
  • 550ml млеко
  • 50g путер
  • 30g брашно
  • прстофат морско оревче
  • сол и бибер по вкус
  • малку масло за пржење

Начин на подготовка:

  • Најпрво направете го филот. Исечете го пилешкото на мали парчиња и пржете го во малку масло додека не добие златно-кафеава боја.
  • Додадете го сечканиот лук, промешајте неколкупати, па додадете го спанаќот, кој ако е свеж треба да го ставите во жешка вода да омекне и да го исечкате ситно (или да го одмрзнете ако е замрзнат).
  • Убаво спојте ги состојките, па тргнете ја тавата од оган.
  • Потоа, додадете ги крем сирењето, солта и биберот.
  • Следен е бешамел сосот кој ќе го подготвите така што ќе растопите путер во тенџере, ќе додадете брашно и ќе мешате.
  • Кога ќе се спојат состојките, постепено додавајте го млекото и гответе додека сосот не се згусне.
  • На крајот додадете го морското оревче и посолете.
  • Наредете ги лазањите така што ќе ставите малку бешамел на дното од садот, врз него кори за лазањата, па од филот.
  • Повторувајте ја постапката додека имате материјал.
  • Најгоре треба да биде кора, врз која ќе ставите бешамел, па нарендајте кашкавал.
  • Покријте го садот со фолија и печете на 200°C околу 25 минути, па тргнете ја фолијата и печете уште 15 минути за да поруменат.
  • Оставете да отстои 10 минути, пресечете ја на коцки и сервирајте ја топла.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Вкусно летно рижото, со пилешко и лимон Дури и храната што ја подготвувате вообичаено може да има поинаков шмек ако малк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg