Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак

Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќе ве освои од првиот залак.

kuglof-kolach-so-limon-desert-shto-kje-ve-osvoi-od-prviot-zalak-01.jpg

На почеток можеби ќе ви се чини дека има многу работа (зашто освен тестото трењба да направите и шербет и прелив), но во реалноста овој колач се подготвува многу едноставно.

А комбинацијата од вкусови е одлична, па вреди да го пробате.

Забелешка: За подготовката на овој колач користете чаши од 200ml.

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 1 чаша гранулиран шеќер
  • Половина чаша растително масло
  • 1 чаша млако млеко
  • 2,5 чаши брашно
  • 1,5 пакетчиња прашок за пециво
  • 1 пакетче ванила
  • 1 лажица мак
  • рендана кора од 2 лимона (на крупно)
  • Бело чоколадо (по желба)

За преливот:

  • 1 чаша сок од лимон
  • 1 чаша гранулиран шеќер
  • 2 јајца
  • 1 лажица нишесте
  • 1 пакетче ванила
  • 3 лажици путер
  • 1 чаша ладна вода

Шербет за натопување:

  • 2 чаши вода
  • Половина чаша шеќер
  • Сок од 2 лимона

kuglof-kolach-so-limon-desert-shto-kje-ve-osvoi-od-prviot-zalak-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Прво направете го тестото - изматете ги јајцата со шеќерот, маслото, млекото кое треба да е млако.
  • Додадете го брашното, а потоа и прашокот за пециво, пакетчето ванила.
  • Кога сите состојки ќе се спојат, додадете го макот, ренданата кора од лимон и парчињата бело чоколадо (или чоколадни топчиња) и убаво измешајте.
  • Смесата ставете ја во калап за куглоф колач, кој претходно сте со премачкале со масло.
  • Печете на 180 степени околу 35-40 минути.
  • Во меѓувреме подгответе го шербетот - водата и шеќерот варете ги околу 5 минути откако ќе почнат да вријат, за да стане смеса во форма на сируп.
  • Кога ќе се олади, во шербетот се додава сокот од лимон.
  • Испечениот колач прелијте го со шербетот додека е уште во калапот и оставете да остине.
  • Кога ќе биде ладен, превртете го наопаку.
  • Во меѓувреме направете го и преливот.
  • Во длабок сад ставете ги сокот од лимон, шеќерот, јајцата, нишестето, пакетчето ванила и трите лажици путер.
  • Ставете ги на тивок оган да се спојат и мешајте без престан.
  • Кога смесата ќе биде густа, додадете и 1 чаша ладна вода, повторно промешајте, па преливот прецедете го низ цедалка за да нема грутчиња.
  • Ставете го преливот врз колачот, а по желба, можете да го украсите со ливчиња бадеми, сечкани ореви или лешници.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...

Најчитани неделава