Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба

Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполно ист, со вкусот ќе ве врати во детството.

mek-kolach-so-malini-vkus-koj-potsetuva-na-detstvoto-kaj-baba-01.jpg

Можете да го подготвувате за семејството или кога ќе ви се најават гости, а наместо малини да користите овошје по вкус.

Предноста на овој колач е што се подготвува брзо, а само еден залак ќе ве врати во детството и безгрижните денови поминати кај бабите.

Забелешка: Користете шолја од 200ml како мерка.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 1,5 шолја шеќер во прав
  • 1 шолја кисело млеко
  • малку повеќе од половина шолја стопен путер
  • прстофат сол
  • 1 прашок за пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 шолји брашно
  • 2 полни лажици нишесте
  • 200g маскарпоне или крем сирење
  • 2 лажици шеќер во прав
  • Малку исцеден лимони
  • Малини и ливчиња бадам за украсување

Начин на подготовка:

  • Изматете ги јајцата со шеќерот и прстофат сол за да добиете пенеста смеса.
  • Додадете ги киселото млеко и путерот кој сте го стопиле, и ванилиниот шеќер, па повторно матете.
  • Кога смесата ќе стане хомогена, додадете ги прашокот за пециво, брашното и нишестето и уште еднаш изматете.
  • Истурете ја смесата во калап од 20cm на кој му се вадат страните.
  • Во посебен сад, измешајте го крем сирењето или маскарпонето со малку исцеден лимон и шеќер во прав, па кога ќе се изедначи, ставете го во централниот дел од колачот.
  • Врз ова распоредетете ги малините и ливчињата бадеми, па печете во претходно загреана рерна на 160 степени околу 1 час.
  • Со чепкалка за заби проверете дали е кочатот добри испечен (да не лепи тестото, но и да не е пресушен).  

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...

Најчитани неделава