Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а многумина велат дека сè што е подготвено со ваков крем е - совршено. Дали се сложувате?

За љубителите на кремот од ф’стаци, имаме брз рецепт за подготовка на слатки лиснати кифли.
Процедурата е многу лесна, особено што не месите тесто, туку користите готово лиснато тесто.
Потребни состојки:
- 2 пакувања лиснато тесто
- 200-300g крем од ф’стаци
- Белка од 1 јајце
- Малку кршени, несолени ф’стаци (за декорација)
- Течно чоколадо или крем од лешник (за декорација)
Начин на подготовка:
- Ставете го едното пакување лиснато тесто на работната површина, па премачкајте го со убав, дебел слој крем од ф’стаци.
- Врз него ставете го второто пакување лиснато тесто.
- Пресечете ленти по должина, па потоа и дијагонално (како во видеото).
- Направете ги кроасаните и ставете ги во плех обложен со хартија за печење.
- Печете околу 20 минути на 200 степени Целзиусови.
- Откако ќе бидат готови, оставете ги малку да остинат, па одозгора премачкајте ги со крем од ф’стаци и извалкајте ги во дробени, несолени ф’стаци.
- Најодозгора ставете малку течно чоколадо или растопен чоколаден крем и послужете ги.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус
Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за најмеките брауни колачиња, со крем сирење
Кога за некое јадење велат дека е „лапни-голтни“, сигурно на ум ги имаат и овие ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
-->
-->
