Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче
Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти и помешано со кремаст сос – ќе се вљубите од прво залче.

За пролетните денови, без разлика дали е празник или обична собиранка, сите сакаме да ставиме нешто интересно на трпезата.
Но, дури и да посакате да се освежите со лесна вечера, ова е идеален рецепт.
Ќе ви стане омилена пролетна салата, а се прави со состојки што ги имате секогаш дома.
Потребни состојки:
- Млади моркови
- Млади краставици
За дресингот:
- 150g грчки јогурт,
- 1 чешниња лук, истолчени или ситно сечкани
- Сок од ½ лимон
- 1 лажица мајонез
- 1 лажица мед
- 2 лажици сечкан магдонос
- Сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Измијте ги и исушете ги убаво морковите и краставиците.
- Со помош на сечило за лупење, направете ленти од зеленчукот.
- За дресингот: во сад измешајте грчки јогурт, здробено или ситно сечкано лукче, сок од лимон, мајонез, мед, магдонос, сол и бибер, додека не добиете хомогена смеса.
- На крај измешајте го дресингот со зеленчукот и изладете пред да сервирате.
- Послужете со чили или нешто по вкус.
Видео постапка:
-->
-->
@essen_paradies CREAMY CUCUMBER AND CARROT SALAD | Full recipe via 𝐋𝐢𝐧𝐤 𝐢𝐧 𝐦𝐲 𝐁𝐢𝐨 #saladrecipe #cucumbersalad #carrotsalad #cucumbercarrotsalad
-->♬ Be My Baby - The Ronettes
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење
Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
Вкусно летно рижото, со пилешко и лимон
Дури и храната што ја подготвувате вообичаено може да има поинаков шмек ако малк...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење
Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил
Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец...
„Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
