Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење
Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови зеленчук - вистинско совршенство.

Оваа салата има толку богат вкус, што можете да ја јадете и како прилог и како главно јадење.
Толку е лесна и убава, што ќе ја подготвувате во секоја сезона - и за вас и за најблиските, и за гости.
Потребни состојки:
- 1kg компири
- Сол и бибер по вкус
- Малку маслиново масло
- 1 чаша јогурт
- 120g мајонез
- Сок од 1 лимон
- 2 чешниња лук, ситно исечкани
- 1 лажица сечкан копар
- 1 лажица сечкан магдонос
- 1 лажица сечкан власец
- ½ краставица ситно исечкана
- 1 црвен кромид ситно исечкан
Начин на подготовка:
- Најпрво подгответе ги компирите. Варете ги додека да омекнат (да не се целосно сварени).
- Исцедете ги и оставете малку да се изладат, па ставете ги врз хартија за печење во плех.
- Нежно згмечете го секој компир (можете со чаша) за да се сплеска, но нека остане во едно парче (да не се искрши на ситни парчиња).
- Попрскајте ги компирите со маслиново масло и обилно посипете ги со сол и бибер.
- Печете во загреаната рерна на 220 степени Целзиусови додека рабовите не станат крцкави и златно-кафеави (околу 45-60 минути).
- Кога ќе бидат готови, извадете ги од рерната и оставете да се оладат и станат крцкави, па издробете ги на ситни парчиња.
- Во меѓувреме подгответе го сосот.
- Во длабок сад измешајте ги јогуртот и мајонезот.
- Додадете го сокот од лимон, ситно исечканиот лук, копарот, магдоносот, власецот (или млад кромид, по желба), исечканата краставица и ситно исечканиот црвен кромид.
- Мешајте додека сите состојки не се соединат.
- На крајот спојте ги компирите и сосот, убаво измешајте и послужете ја салатата.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење
Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
Вкусно летно рижото, со пилешко и лимон
Дури и храната што ја подготвувате вообичаено може да има поинаков шмек ако малк...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
-->
-->
