Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со сос од мед, па заедно се печат во тава и за 30 минути имате здрав и вкусен ручек.

Ако сте љубител на риба, посебно лосос, време е да почнете сами да си подготвувате дома вкусен, лесен и здрав ручек во комбинација со компир
Не е никаков посебен специјалитет, но треба да знаете како да го направите за да биде вкусен и сочен.
Потребни состојки:
За компирите:
- 700g компири (мала-средна големина)
- 1 лажица сол
- Топла вода (колку што е потребно за да ги покриете сите компири)
- 1 лажичкаа црвен пипер
- 1 лажичка оригано
- 1 лажичка лук во прав
- 1 лажица маслиново масло
За лососoт:
- 500g лосос филети
- 2 лажици масло
- 1 лажичка мед
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка црвен пипер
- сок од 1/2 лимон

-->
-->
Начин на подготовка:
- Пресечете ги компирите на половини, или четвртини ако се поголеми.
- Ставете ги во тенџере компирите, додадете сол и топла вода додека да ги покриете сите компири и варете ги 7 минути.
- Процедените компири ставете ги во сад и додадете црвен пипер, оригано, лук во прав, маслиново масло и измешајте ги добро.
- Истурете ги на плех врз хартија за печење и распоредете ги насекаде, оставајќи празни простори измеѓу.
- Лососот исечете го прво на ленти по должина, а потоа на поголеми коцки.
- Во сад ставете 2 лажици масло, 1 лажичка мед, 1 лажичка сол, 1 лажичка црвен пипер, сок од половина лимон и измешајте добро со лососот.
- Наредете ги парчињата лосос помеѓу компирите и печете 20 минути на 200 степени Целзиусови.

-->
Видео постапка:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење
Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
