Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за да си подготвите брз, здрав и вкусен десерт. Се прави со банана, лешници и посно чоколадо.

За време на божиќните пости или едноставно ако сакате брзински, а здрави бомбици, ова е идеален десерт.
Се прави за 10 минути, со состојки кои веројатно често ги имате дома, а ќе ви ја заслади душата.
Потребни состојки:
- 1 голема банана
- Околу 150g мелени лешници (ако сакате може да поделите дел јаткасти плодови, дел бисквити)
- 200g црно посно чоколадо
- сечкани лешници за увалкување
Начин на подготовка:
- Испасирајте ја бананата со виљушка, па додадете ги мелените лешници и измешајте да се изедначи смесата.
- Со раце формирајте топчиња и ставете ги на хартија.
- Стопете го чоколадото и потопете ги сите топчиња во него.
- На крај извалкајте ги во крупно сечкани лешници и сервирајте (по желба може претходно да ги оладите).
Погледнете видео постапка:
М. М. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење
Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови
Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
-->
