Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се оладат пред да ги пробате.

Се приближува септември, температурите веќе не се толку високи, што значи дека веќе можете да поминете неколку часа во кујната - подготвувајќи меки кифлички со фил.
Во нашиот рецепт има кашкавал и сланина, но полнењето може да биде и по ваш вкус.
Како да го подготвите?
Потребни состојки:
За тестото:
- 300ml млеко
- 2 лажици шеќер
- 10g сув квасец
- 1 јајце
- 70ml масло
- 630g брашно
- 1 лажичка сол
За филот:
-->
-->
- 200g крем сирење
- 100g сланина
- 250g кашкавал
Начин на подготовка:
- Во длабок сад спојте ги топлото млеко, шеќерот, квасецот, јајцето и маслото.
- Откако ќе ги изматите убаво со рачна маталка, додадете ги брашното и солта, па замесете го тестото (треба да е меко).
- Тестото оставете го во сад покриено со проѕирна фолија и оставете го на собна температура за да се дуплира во големината.
- Префрлете го на работната површина, поделете го на 10 дела, па обликувајте го секој дел во топче и оставете да отстои околу 10 минути.
- Со сукало развлечете го секое топче во форма на правоаголник, премачкајте го со крем сирење, па ставете сланина и рендан кашкавал и свиткајте го во вид на кифла.
- Готовите кифли ставете ги во тава обложена со хартија за печење, па исечете го по должина (како во видеото) и оставете ги да нараснат, околу 20 минути.
- Одозгора премачкајте го со жолчка од јајце, а по желба можете да ставите и малку кашкавал.
- Печете ги кифличките на 220°C околу 15 минути (или додека не заруменат).
Видео постапка:
-->
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Рецепт за најмеките брауни колачиња, со крем сирење
Кога за некое јадење велат дека е „лапни-голтни“, сигурно на ум ги имаат и овие ...
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење
Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
