Без месење: Погача во форма на елка, полнета со моцарела и чили - за празничната трпеза
Лесен и вкусен рецепт за погача во форма на елка, која не се меси, а ќе ја збогати вашата празнична трпеза, а сите гости ќе „излижат“ прсти и ќе бараат парче плус.

Ако сте од оние кои во празничниот период сакаат да зготват нешто тематски, имаме рецепт за вас.
Доколку сте и љубител на тесто, но и на пикантни вкусови, ова е идеално.
Станува збор за погача која не се меси, туку се прави од пица тесто.
Потребни состојки:
- 550g готово тесто за пица (одмрзнато)
- 200g моцарела
- Малку чили пиперка, ситно сечкана
- 1 јајце
- 2 лажици млеко
За декорација и премачкување:
- 3 лажици маслиново масло
- 1 гранче босилек
- Сол и бибер
Начин на подготовка:
- Исечете го тестото за пица на квадрати/правоаголници, отприлика може да излезат 30-35 парчиња со димензија 6х7cm).
- Во секое парче ставете на средината малку моцарела и неколку ливчиња сечкана чили пиперка.
- Затворете го парчето од сите страни и формирајте топче, повторете ја постапката со сите.
- Наредете ги топчињата на плех врз хартија за печење, формирајќи елка (како на видеото).
- Премачкајте ги со мешавина од јајце и млеко, па ставете да се пече во загреана рерна на 180°С околу 20 минути.
- Во мал сад измешајте ги маслото, сечкан босилек и зачини, па со четка намачкајте ја погачата додека е уште топла.
- На крај може да декорирате со зрна од црвен пипер (или мешавина), а може и зрна калинка кои ќе ја дополнат празничната тема.
Погледнете го видеото:
-->
-->
-->
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Погача што се топи во уста - совршен рецепт за празничната трпеза
До дочекот на Новата година не останува уште многу време. А ако уште од сега го ...
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови
Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Свежа салата во форма на божиќно венче – хит на социјалните мрежи (видео)
Најлесната свежа и здрава салата, која се декорира во форма на божиќно венче - и...
Мини палачинки во форма на цвет, со јагоди и банани - децата ќе ги обожаваат
Ако сакате да им подготвите појадок на децата кој ќе го обожаваат, направете им ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
