Мини палачинки во форма на цвет, со јагоди и банани - децата ќе ги обожаваат

Ако сакате да им подготвите појадок на децата кој ќе го обожаваат, направете им мини палачинки во форма на цвет.

mini-palachinki-vo-forma-na-cvet-so-jagodi-i-banani-decata-kje-gi-obozhavaat-01.jpg

Децата обожаваат палачинки, но ако наместо класични, им направите мини палачинки во форма на цвет, верувајте дека нема да згрешите.

Без оглед дали ќе им ги подготвувате за ужинка или за појадок/вечера, никогаш нема да ви кажат дека не сакаат.

А откако ќе го подготвите, по нивна желба, можете да ги прелиете со шеќер во прав или чоколадо.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 1 шолја млеко
  • 2 лажици растително масло
  • 1,5 шолји брашно
  • 1 пакетче ванила
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • Прстофат сол
  • Јагоди исечени на тркалца
  • Банана исечена на тркалца

Начин на подготовка:

  • Изматете ги јајцата и шеќерот, а потоа додадете ги другите состојки и мешајте со миксер додека не добиете мазна смеса.
  • Истурете ја смесата во пластично шише со тесен отвор (како во видеото).
  • На загреана тава ставете парче јагода, па направете форма на цвет од смесата за палачинки, ставајќи топчиња од шишето.
  • Печете на тивок оган и превртете ја од едната на пругата страна кога ќе се појават меурчиња на површината.
  • Повторете ја истата постапка и со тркалцата од банана.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец... „Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Без месење: Погача во форма на елка, полнета со моцарела и чили - за празничната трпеза Лесен и вкусен рецепт за погача во форма на елка, која ќе ја збогати вашата праз...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Свежа салата во форма на божиќно венче – хит на социјалните мрежи (видео) Најлесната свежа и здрава салата, која се декорира во форма на божиќно венче - и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg