Свежа салата во форма на божиќно венче – хит на социјалните мрежи (видео)

Најлесната свежа и здрава салата, која се декорира во форма на божиќно венче - идеална за празничната трпеза, хит е на социјалните мрежи, а гостите ќе ве пофалат. 

-0svezha-salata-vo-forma-na-bozhikjno-venche-hit-na-socijalnite-mrezhi-video-01.jpg

Доколку сакате да ја збогатите празничната трпеза со свежа и здрава салата, која притоа ќе одговара тематски на периодот, оваа е идеална за вас.

Доброто е што не мора да се водите по точен рецепт и состојките може да ги менувате по ваш избор, но важно е да се задржи оригиналниот изглед.

Се прави на голем кружен сад, во форма на божиќно венче, а се украсува со моцарела и шери топчиња како лампиони и зрна калинки, како и други додатоци.

Во продолжение погледнете предлог рецепт, а вие може да ја направите по ваша желба и вкус.

Потребни состојки:

  • 140g свежа бејби рукола
  • 340g шери домати
  • 1 големо пакетче суви брусници
  • Зрна од голема калинка
  • 220g мини моцарела топчиња
  • 40-50g пекан ореви, или обични ореви
  • Кремасто балсамико за одозгора

За дресинг:

  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажица кремасто балсамико
  • 1 лажица балсамико оцет
  • 1 лажица мед
  • Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  • На кружна чинија, во средина ставете мало кружно садче за да се формира дупка во венчето.
  • Наредете ја од околу салатата, па ставете ги шери доматите, моцарела топчињата, јаткастите плодови, калинките и брусницата наоколу, насекаде за убаво да се гледаат.
  • Во сад измешајте ги состојките за дресингот и полејте подеднакво насекаде, а на крај ставете кремасто балсамико и тргнете го садот од средина.

Видео постапка:

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...
Без месење: Погача во форма на елка, полнета со моцарела и чили - за празничната трпеза Лесен и вкусен рецепт за погача во форма на елка, која ќе ја збогати вашата праз...
Рецепт за гибаница од оризова хартија наместо кори – хит на социјалните мрежи На социјалните мрежи хит се питите, гибаниците и баничките од оризови хартии кои...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Мини палачинки во форма на цвет, со јагоди и банани - децата ќе ги обожаваат Ако сакате да им подготвите појадок на децата кој ќе го обожаваат, направете им ...

Најчитани неделава