Погача што се топи во уста - совршен рецепт за празничната трпеза

До дочекот на Новата година не останува уште многу време. А ако уште од сега го подготвувате менито за празничната трпеза, оваа мека погача, треба да го најде своето место на неа.

pogacha-shto-se-topi-vo-usta-sovrshen-recept-za-praznichnata-trpeza-01.jpg

Оваа погача, со сирење е толку мека и вкусна, но уште поважно - лесна за подготовка, што ќе сакате да ја правите често, не само за празниците.

Како да ја посготвите?

Потребни состојки:

  • 250ml млеко
  • 100ml вода
  • 2 лажици шеќер
  • 10g сув квасец
  • 2 белки, 1 жолчка
  • 80ml масло
  • 800g брашно
  • 1 лажичка сол
  • 300g сирење за фил
  • 1 жолчка за премачкување + сусам за посипување
  • 2 лажици путер за премачкување

Начин на подготовка:

  • Во сад истурете ги топлото млеко, водата, шеќерот, квасецот, белките, едната жолчка и маслото, па измешајте за да се спојат.
  • Додадете брашно, сол и замесете меко и мазно тесто. Брашното додавајте го постепено.
  • Префрлете го тестото во намастен сад (за да не се залепи), покријте го со пластична фолија или крпа и оставете го на собна температура додека не се дуплира во големина.
  • Ставете го нараснатото тесто на работната површина, поделете го на 4 дела.
  • Обликувајте го секој дел во топка и оставете го да отстои дополнителни 10 минути.
  • Секоја топка расукајте ја во форма на правоаголник.
  • Ставете сирење од едната страна, а другата страна засечете ја по должината со мали резови, како  што е прикажано во видеото и замотајте го тестото во форма на ролат.
  • Префрлете го тестото врз плех обложен со хартија за печење, во форма на полжав и редете ги четирите парчиња едно покрај друго.
  • Покријте го и оставете го да нарасне околу 30 минути, па премачкајте го со втората жолчка од јајцето, наросете го со сусам и печете го на 200°C околу 20 минути.
  • Веднаш по печењето, премачкајте ја погачата со растопен путер.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за турска бисквит торта со чоколаден прелив – се топи во уста Најубавата и најсочната бисквит торта со бел крем, чоколаден прелив и вкус на ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg