Рецепт за турска бисквит торта со чоколаден прелив – се топи во уста
Најубавата и најсочната бисквит торта со бел крем, чоколаден прелив и вкус на кафе, по турски рецепт. Се прави лесно, а вкусот е неодолив.

Се сеќавате на редените бисквит торти кои порано ги имаше во секој дом?
Оваа торта по турски рецепт нема да ве остави рамнодушни и никој нема да одолее за парче плус.
Се подготвува лесно и брзо, а се топи во уста.
Потребни состојки:
За бисквитите:
- 3 пакетчиња Petit Beurre бисквити
- 200ml млеко
- 1 лажичка инстант кафе
- 1 лажичка шеќер
За кремот:
Прв дел:
- 1l млеко
- 3 лажици густин
- 3 лажици брашно
- 1 шолја шеќер
- 1 пакетче ванилин шеќер
Втор дел, кога кремот ќе се олади:
-->
-->
- 1 пакетче шлаг во прав
- ½ мала шолја млеко
За чоколаден прелив:
- 200ml слатка павлака
- 100g млечно чоколадо
- 1 лажица какао

-->
Начин на подготовка:
- Ставете ги во сад состојките за првиот дел од кремот – млеко, шеќер, брашно, густин и ванила.
- Гответе на средна температура со постојано мешање, додека мешавината не стане мазен крем.
- Кога ќе биде готово покријте го со проѕирна фолија така што ќе ја допира површината на кремот и оставете да се олади целосно.
- Кога ќе биде изладено, додадете го шлагот и миксирајте додека не добиете мазна смеса, ако е многу густо, додавајте малку млеко.
- Потоа продолжете со чоколадната глазура, така што ќе ја загреете во тенџере слатката павлака, па ќе ги додадете чоколадото (сечкано) и какаото.
- Мешајте додека не добиете мазна смеса и оставете да се лади, со повремено мешање за да не се лепи.
- Направете ја мешавината за потопување на бисквитите – измешајте во сад млеко, кафе и шеќер.
- Потопете го секој бисквит во оваа мешавина и редете ги едно до друго во еден слој во коцкаста тава.
- Премачкајте го слојот со кремот, па одозгора наредете повторно потопени бисквити и повторувајте ја постапката додека имате крем.
- Идеално е да има 4 реда бисквити со 4 реда крем.
- Измазнете го убаво последниот слој крем и истурете го чоколадниот прелив насекаде.
- Ставете во фрижидер најмалку 3 часа, а идеално цела ноќ, па потоа пресечете на коцки и послужете.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
