Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови што потсеќаат на Сникерс – се прават многу лесно и брзо.

Ако немате ништо благо, а сакате и да внимавате на исхраната, тогаш овие здрави бомбици се идеални за вас.
Превкусни се и се прават многу лесно и брзо, ќе ве наполнат со енергија и ќе барате уште.
Потребни состојки:
- 100g овес
- 100g кикиритки
- 5 урми
- 100g агаве сируп или мед
- 100g путер од кикиритки
- 1 кафена лажичка екстракт од ванила
- 1 лажица какао
За глазура:
- 50g темно чоколадо
- 1 кафена лажичка кокосово масло
- Малку исечкани кикиритки за наросување
Начин на подготовка:
- Изблендирајте ги овесот, кикиритките и урмите (претходно урмите може да бидат покиснати во вода за да не се лепат).
- Истурете ја смесата во сад, додадете агаве сируп или мед, путер од кикиритки, какао и ванила, па измешајте добро додека не добиете хомогена смеса.
- Формирајте топчиња од смесата и наредете ги на рамна површина.
- Стопете го чоколадото со кокосово масло и потопете го секое топче во глазурата, а одозгора наросете сечкани кикиритки и наредете ги на хартија за печење.
- Ставете ги топчињата 30 минути во замрзнувач за да се стврдне чоколадото.
Кликнете на видеото за да видите постапка:
-->
-->
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови
Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори
Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење
Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
