Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние кисели салати кои многу семејства со задоволство ги принесуваат на масата кога јадат. Се подготвуваат лесно, за околу 20 минути, а ќе имате вкусна салата за со ручек или мезе за кога ќе ви дојдат гости.

Малку павлака, кравјо сирење, кисели пиперки и ќе направите зимница која оди одлично со различни јадења.
Во многу домаќинства на Балканот ова е омилената зимница, па ако не сте ја направиле никогаш претходно, пробајте го овој рецепт.

Потребни состојки:
- 20 кисели пиперки, средно големи (или сирови бабури, по желба)
- 500g кравјо сирење
- 500ml кисела павлака
- Сол по вкус

Начин на подготовка:
- Отстранете ги дршките и семките од закиселените пиперки и оставете ги да се исцедат неколку часа за да се ослободи вишокот течност (или само исчистете ги ако се свежи).
- Во голем сад, измешајте го сирењето со павлаката и доколку сакате, додадете малку сол.
- Добро мешајте за сите состојки да се соединат во мазна смеса.
- Наполнете ги пиперки со подготвениот фил, но оставете малку настрана, за да го користите при редење.
- Ставете тенок слој од смесата од сирење и павлака во тегла, па ставете еден ред пиперки одозгора, а потоа повторно ставете малку од смесата.
- Повторете со втор слој, а завршете го тенок слој од филот.
- Повторете ја постапката во уште неколку тегли додека не се потрошат сите пиперки и филот.
- Ставете ги теглите во фрижидер и оставете ги барем преку ноќ пред да ги послужите за да се спојат вкусовите.
- Сервирајте ги пиперките ладни (ако се суви додадете малку павлака врз нив) - одлични се како прилог со манџа или како мезе со ракија пред оброкот.

-->
-->
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење
Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
