Црнобел колач со прелив од чоколадо и лешници - десерт за сечиј вкус

За сите љубители на колачи без филови, овој црнобел колач со чоколаден прелив е вистински погодок.

crnobel-kolach-so-preliv-od-chokolado-i-leshnici-desert-za-sechij-vkus-01.jpg

Убавината на овој рецепт е што се прави едно тесто, кое потоа се дели на два дела, за повторно да се спои во едно пред печењето.

Овој чоколаден колач се подготвува многу брзо и лесно, па можете да го пробате уште денес, особено што сите (или повеќето состојки) сигурно ги имате дома.

Забелешка: Чашите се од 150g.

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 100g путер растопен
  • 1 чаша гранулиран шеќер + ½ чаша кафеав шеќер (по желба, може да се користи само бел шеќер)
  • 200ml неутрална павлака
  • 2 чаши просеано брашно
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • 1 пакетче ванила
  • ½ лажичка сода бикарбона со неколку капки сок од лимон
  • 2 лажици какао
  • 75g путер (сечкан на коцки)

За преливот:

  • 200g чоколадо, растопено
  • Околу ½ чаша сечкани лешници

crnobel-kolach-so-preliv-od-chokolado-i-leshnici-desert-za-sechij-vkus-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Изматете ги шеќерот и јајцата, па кога ќе се спојат убаво, додадете ги другите состојки - стопениот путер, неутралната павлака, брашното, прашокот за пециво, ванилата и сода бикарбоната со сокот од лимон.
  • Убаво мешајте, а потоа поделете ја смесата за колачот на половина.
  • Додадете 2 лажици какао во едната половина и убаво измешајте.
  • Двете смеси ставете ги во шприц за готвење (или во ќеса) и ставајте ги во силиконски калап за печење како што е прикажано во видеото.
  • Најгоре ставете ги парчињата путер, па ставете го колачот да се пече на 160-170 степени Целзиусови околу 40-45 минути.
  • Кога колачот ќе биде готов, направете го преливот.
  • Стопете го чоколадото на пареа, а во него ставете ги сечканите лешници и со смесата прелијте го колачот.
  • Послужете откако чоколадото убаво ќе се стегне.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
Вкусно летно рижото, со пилешко и лимон Дури и храната што ја подготвувате вообичаено може да има поинаков шмек ако малк...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg