Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен

Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толку многу потсетува на есен?

lisnato-so-jabolka-so-cimet-kolachi-so-koi-domot-kje-zamirisa-na-esen-01.jpg

Ако сакате домот да ви замириса на есен, тоа можете да го направите и со подготовка на овој лесен десерт.

Потребни ви се само неколку состојки, а крајниот резултат е вкусен десерт, кој притоа изгледа прекрасно.

Со ова ќе ги воодушевите и домашните и гостите.

Потребни состојки:

  • 1 пакување лиснато тесто (250g)
  • 2 јаболка
  • 1 јајце (за предмачкување)
  • Шеќер по вкус
  • Цимет по вкус
  • 6 цели јатки ореви

Начин на подготовка:

  • Темелно измијте ги јаболката, исечете ги на прстени и отстранете ја средината.
  • Измешајте ги шеќерот и циметот во сад, па извалкајте ги прстените од јаболка во оваа смеса.
  • Развлечете го лиснатото тесто на работна површина и исечете го на 6 еднакви парчиња.
  • Ставете прстен од јаболка во центарот на секое парче, па направете засеци по рабовите на тестото (како во видеото).
  • Превиткајте ги околу јаболкото, оставајќи го горниот дел отворен.
  • Ставете орев во центарот на секое јаболко.
  • Изматете го јајцето и премачкајте го со четка врз врвовите на лиснатото тесто.
  • Посипете со шеќер за дополнителна крцкавост.
  • Загрејте ја рерната на 180°C и печете ги колачите 15 минути или додека тестото не добие златно-кафеава боја.
  • Извадете ги колачите од рерната, па кога малку ќе се изладат, наросете ги со шеќер во прав за декорација.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за компот од јаболка и крушки - Есенски деликатес за сите сетила Кога времето почнува да заладува, еден од омилените мириси на многумина е мирисо...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...
Во кујна со Сузана Гавазова - Компир манџа по рецепт од мајка ѝ и домашно месено лепче во боја „Растев со мирисот на свежо печено лепче, со звуците од кујната каде мајка ми ти...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg