Посно медено срце - сочна и здрава верзија на омилениот колач

Ако сте љубител на медено срце, а периодов постите, тоа не значи дека треба да се откажете од омилениот колач, нели?

posno-medeno-srce-zdrava-verzija-na-omileniot-kolach-01.jpg

Во времето на постите, многумина се обидуваат да најдат нови рецепти за јадење или десерти кои ќе им бидат замена за омилената храна.

Па, ако сте меѓу нив, тогаш можете да ја подготвите оваа верзија на медено срце, која е посна, но и здрава, бидејќи се прави со овесни снегулки.

А бидејќи сезоната на кајсии уште не е почната, во моментов можете да користите компот од кајсии, домашен или купен.

Потребни состојки:

  • 100g овесни снегулки
  • 150ml растително млеко
  • 15g какао во прав
  • 2 кајсии
  • 1/2 прашок за пециво
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • Стевиа/еритритол по вкус

За џемот:

  • 450g кајсии (може од компот)
  • Сок од 1/2 лимон
  • Стевиа/еритритол по вкус

За преливот:

  • 60gг темно чоколадо
  • 10g кокосово масло

Начин на подготовка:

  • Исечкајте ги кајсиите и префрлете ги во тенџере на тивок оган, додадете засладувач и сок од лимон, измешајте сè.
  • Гответе на средна температура околу 20 минути додека смесата целосно не се згусне, па оставете да се олади.
  • Во блендер измешајте ги овесните снегулки, 2 кајсии, растителното млеко, какаото во прав, прашокот за пециво, циметот, ванилата и засладувачот.
  • Добиената смеса истурете ја во плех обложен со хартија за печење и печете на 180°C околу 20 минути.
  • Кога тестото ќе се испече и олади, премачкајте го со џемот.
  • Во меѓувреме, растопете го чоколадото за готвење со кокосово масло, па прелијте го колачот.
  • Оставете го во фрижидер неколку часа за чоколадото да се стврдне, па послужете го.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...
Рецепт за банана леб - колач од презреани банани кој се топи во уста Дали и вам бананите дома ви потемнуваат брзо, па сакате да ги фрлите? Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg