Турски рецепт за раванија со кокос, десерт за целото семејство
Љубителите на раванија или на колачите со шербет без сомнение ќе уживаат во овој ориентален вкус.

Недела е убав ден за подготовка на десерти.
Па, искористете го денот за да го направите овој вкусен ориентален десет или зачувајте го рецептот за понатаму, ако решите да почнете да постите од утре до Велигден (или пократко).
Се подготвува без многу мака, а ќе им се допадне на сите.
Потребни состојки:
За пандишпанот:
- 3 големи јајца
- 1 чаша без еден прст шеќер (од 200g)
- ½ филџан топла вода
- 1 прашок за пециво
- 1 кесичка ванила
- 1,5 чаша брашно
За карамелизираниот шербет:
- 3 филџани шеќер
- 3 филџани вода
За кремот:
- 3 шолји млеко
- 3 лажици брашно (рамни)
- 1 лажица нишесте (рамна)
- ½ чаша шеќер
- 1 пакетче ванила
- 1 филџан кокос
Начин на подготовка:
- Во длабок сад изматете ги јајцата и шеќерот додека не добијат светла боја и да станат воздушести.
- Додадете ја топлата вода и кратко измешајте.
- Потоа, додајте ги прашокот за пециво, ванилата и брашното, мешајќи додека не добиете мазна смеса.
- Префрлете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и рамномерно распоредете ја со шпатула.
- Печете во претходно загреана рерна на 170 степени Целзиусови (или според вашата рерна, но на потивко), проверувајќи често дали е испечено.
- За карамелизираниот шербет, ставете го шеќерот во тенџере и топете го на средна температура без мешање. Нежно протресувајте го тенџерето за тој да се карамелизира.
- Внимателно додадете ја водата - на почетокот ќе се стегне, но мешајте додека шеќерот целосно не се растопи, па тргнете го од оган.
- Направете го кремот од кокос - ставете ги сите состојки (освен ванилата) во тенџере и гответе со постојано мешање.
- Кога ќе почне да врие, оставете го на шпоретот уште неколку минути за да згусне.
- Дури откако ќе го тргнете кремот од оган, додадете ја ванилата и промешајте за да се растопи.
- Извадете го тестото за колачот од тавата и исечете го на два еднакви дела (како во видеото).
- Вратете го долниот слој во тавата и прелијте го со половина од изладениот карамелизиран шербет.
- Рамномерно распоредете го кремот, па врз него ставете го вториот слој од пандишпанот и прелијте го со преостанатиот сируп.
- Оставете го да отстои за убаво да се впијат сите состојки, а тестото да омекне, па послужете го.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Рецепт за ролат со кокос во три бои (од едно тесто)
Ако за Божиќ или деновите околу празниците ви се најават гости, можете да ги пре...
