Рецепт за ролат со кокос во три бои (од едно тесто)
Ако за Божиќ или деновите околу празниците ви се најават гости, можете да ги пречекате со декоративни, а вкусни ролати од кокос.

Овие вкусни ролати се подготвиуваат лесно, а најдоброто од сè е што се прави една смеса за тестото.
И смесата за филот е една, а бојата се менува со прехрамбена боја (за празниците може да користите црвена и зелена).
Потребни состојки:
За тестото:
- 200g мелени плазма бисквити
- 4 големи лажици какао
- 2 лажици шеќер во прав
- 200ml топло млеко
За филот од кокос:
- 125g путер
- 2 лажици шеќер во прав
- 8 лажици кокос
Начин на подготовка:
- Во длабок сад добро измешајте ги сите состојки за тестото за да добиете хомогена смеса.
- Во друг сад соединете ги состојките за филот, па поделете го на 3 еднакви дела.
- Оставете еден дел бел, додадете црвена прехранбена боја во вториот, а зелена прехранбена боја на третиот фил (боите може да бидат и по ваша желба).
- На работната површина ставете најлонска фолија, па врз неа рамномерно распоредете ја целата смеса за тестото.
- Кога ќе добиете форма на правоаголник, пресечете ја со нож на 3 еднакви делови (заедно со најлонската фолија).
- Исфилувајте го секој дел, па завиткајте го со помош на фолијата во вид на ролат (фолијата помага ролатот убаво да се стегне при виткањето).
- Оставете ги ролатите во фрижидер 1-2 часа за да се стегнат.
- Отстранете ја фолијата, исечете ги на тркалца и сервирајте ги.
- Забелешка: Ролатите во видеото се правени со половина смеса и се помали од она што би го добиле во реалноста доколку ги правите со цела количина.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите
Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец...
„Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби
Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го ...
