Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите
Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со семејството ни со пријателите. А содржат само 3 состојки.

Лесни се за правење, а притоа се и многу вкусни.
Можете да ги направите за себе, за гости, кога сакате нешто благо за кое нема да ви треба многу време за подготовка.
Потребни состојки (за 12 колачиња):
- 200g бело чоколадо
- 4 полни лажици крем од ф’стак + уште малку за одозгора
- 35g експандиран ориз
- По желба - сечкани ф’стаци за декорација
Начин на подготовка:
- Топете го чоколадото во микробранова печка 10 секунди, па потоа на нови 10 секунди и сè така додека да се изедначи.
- Кога ќе биде стопено и мазно, додадете го кремот од ф’стак и мешајте додека да се соедини.
- На крај, додадете ги зрната експандиран ориз (можете и прстофат сол).
- Смесата поделете ја на 12 дела во калап за мафини, па додадете уште малку крем од ф’стаци врз секој колач.
- Оставете да се стегнат во фрижидер 1 час пред да ги јадете.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза
„Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан
Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Рецепт за домашна посна паштета – за деновите кога сакате да намачкате намаз на леб
Ако постите, а имате потреба од вкусен намаз за леб, кој ќе ви се најде во кое б...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус
Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
-->
-->
