Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал

Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри домати, со мелено месо и потпечен кашкавал.

recept-za-leten-ruchek-potpecheni-modri-domati-so-meleno-meso-i-kashkaval-01.jpg

Ако сте од оние луѓе кои во лето не можат да јадат тешки јадења, ова е за вас.

Модри домати, редени во слоеви со мелено месо и одозгора со кашкавал, печени во рерна.

Лесно, вкусно и ќе барате парче плус.

Потребни состојки:

  • 2 големи модри домати, сечени на дебели парчиња 
  • 5 лажици масло
  • Сол и бибер
  • За филот:
  • 200-250g мелено месо
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 црвена пиперка (по желба може да е чили)
  • 1 лажица доматно пире
  • 7-8 лажици доматен сос
  • Црвен пипер во прав, црн бибер и сол

За одозгора и за прелевање:

  • Рендана моцарела или кашкавал
  • 200ml топла вода
  • 1 лажица доматно пире

Начин на подготовка:

  • Исечете ги модрите домати на дебели парчиња по должина и наредете ги на тава (врз хартија за печење).
  • Измешајте го маслото со солта и црниот бибер, па намачкајте ги сите парчиња.
  • Печете во загреана рерна на 220°С околу 20 минути.
  • Во меѓувреме, подгответе го месото – пропржете го ситно сечканиот кромид со месото, додадете ги сечканите пиперки и лук, па пржете уште малку.
  • Додадете ги доматниот сос и зачините и мешајте, па додадете го доматното пире и оставете малку да се провари па тргнете од оган.
  • Во длабока тава со хартија за печење (или на нелеплива тава), наредете ги во слоеви доматите па малку од филот со месото, идеално е да има три слоеви.
  • На крај најгоре завршете со мелено месо и моцарела или кашкавал одозгора.
  • Измешајте ги лажицата доматен сос, водата, сол, бибер и малку масло и истурете во тавата од околу.
  • Печете во загреана рерна на 190°С околу 20 минути.

Видео постапка: 

М. М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...

Најчитани неделава