Шпагети со ракчиња во сос од домати - вкусен рецепт кој потсетува на лето и море
Имате ли навика кога одите на море, барем еднаш да седнете во рибен ресторан или таверна за да јадете некој морски специјалитет? Сега, можете нешто морско да си подготвите и самите дома.

Ако сте љубител на морската храна, особено на ракчињата, тогаш овој вкусен рецепт ќе ве потсетува на лето море.
Се подготвува лесно, а не одзема ни многу време.
Потребни состојки:
- 1 голем кромид
- 1 црвена чили пиперка, без семки
- 2 чешниња лук
- 250g шери домати
- 150g ракчиња
- Мала китка магдонос
- 200g шпагети
- 25g путер
- ¼ лимон
- Малку маслиново масло
- Сол и бибер
Начин на подготовка:
- Ситно исечкајте ги кромидот, чили пиперката и лукот. Исечете ги и доматите на мали парчиња.
- Одвојте ги стебленцата магдонос од листовите. Исечете ги листовите и тргнете ги настрана, а потоа исечете ги стебленцата.
- Во тава, на средна температура, ставете малку маслиново масло.
- Кога ќе се загрее маслото, додадете ги кромидот, чили пиперката, лукот и стебленцата магдонос, па гответе неколку минути.
- Додадете ги доматите со прстофат сол и варете ги на тивок оган околу 10 минути.
- Во длабоко тенџере сварете ги тестенините за да бидат алденте.
- Додадете ги ракчињата во доматите и пржете неколку минути, додека да заруменат целосно.
- На крај додадете ја кората од лимонот, малку цеден лимон, малку вода од тестенините, сварените тестенини, путерот, сечканите листови магдонос и посолете по вкус.
- Сето тоа зачинете го со малку бибер.
- Послужете ги тестенините додека се топли.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
-->
-->
