Новиот Samsung Galaxy S4 од денес во ОНЕ
Веќе од денес, најдоброто од Samsung, последното “чудо” во серијата Galaxy, новиот Samsung Galaxy S4 може да се најде и во продажната мрежа на ОНЕ, односно во продавницата на ОНЕ во Градскиоттрговски центар во Скопје и во продавницата на ОНЕ во Skopje City Mall.

Неполн месец откако Samsung, кој неодамна ја понесе титулата “најголем производител на мобилни телефони во светот” го лансираше, во моментов, најмоќниот “паметен телефон” на пазарот, Samsung Galaxy S4, телекомуникацискиот оператор ОНЕ го донесе, ексклузивно за своите корисници и во Македонија.
Исклучително лесен, тенок, со ергономски и модерен дизајн Samsung Galaxy S4 е едноставно неодолив дури и за најпребирливите корисници и уживатели на врвната технологија. Неговиот 5 инчен екран, камера од 13 мегапиксели, и “моќта на препознавање” на својот корисник го прави овој “паметен телефон” единствен по своите карактеристики и несомнено, повеќе од потребна алатка на современиот човек.
Со цел секогаш да им го понуди најдоброто на своите корисници, ОНЕ го донесе Samsung Galaxy S4- предводникот на новата генерација “паметни телефони” во светот давајќи им можност на своите корисници, покрај привилегијата да уживаат во најдобрата услуга во мобилна телефонија, да уживаат и во предностите на напредната мобилна технологија.
