По втор пат ќе се одржи Social Media Day Macedonia
За да го избегнете чувството на разочарување кога ќе запознаете некој во живо по долга онлајн комуникација, организиран е Social Media денот. Тоа е настан инициран од најпознатиот Mashable блог задолжен за следење на интернет културата.
Овој настан се одржува секоја година на 30 јуни, а во Македонија ова ќе биде втор пат. Текот на овој ден ќе се одвива преку дискусии, размена на искуства и многу дружење.
Датумот останува ист, но за локацијата сите заедно може да одлучиме. Вашата прва задача е да учествувате во гласањето.
Сите гласови се собираат во петок, на 21 јуни и тогаш се дознава каде ќе се одржи овој настан.
За повеќе детали следете ги информациите на blogirame.mk и komunikacii.net.
Би можело да ве интересира:





