10-те најдобри HBO серии, достапни за гледање и на стриминг платформата кај нас
Game of Thrones, The Sopranos – сте забележале ли дека дел од најпопуларните и најдобрите серии на сите времиња се во продукција на HBO?
Најпрво HBO бил американски кабелски ТВ канал, а потоа се прослави низ целиот свет благодарение на своите оригинални серии.
Денес во продукција на HBO се прават едни од најдобрите, најскапите и најгледаните серии, кои сега се достапни и на стриминг платформата HBO Max.
И, добро е да знаете дека штом ќе пуштите серија во продукција на HBO, сигурно ќе изгледате нешто квалитетно.
Десет од најдобрите серии на HBO кои се достапни на стриминг платформата и кај нас:
The Wire
Според оценките на гледачите, The Wire е најдобрата серија на HBO.
Дејството е сместено во градот Балтимор, каде детектив и неговиот тим се борат против нелегалната трговија со дрога. Серијата има одлична актерска екипа која ја ги вклучува Доминик Вест и Идрис Елба.
The Sopranos
Не постои попопуларна „мафијашка“ серија од The Sopranos, а истата беше огромен хит и кај нас.
Главниот лик во серијата е наркобосот Тони Сопрано, кој среде домашните проблеми и конфликтите во неговиот бизнис, се соочува со влошена ментална состојба и посетува психијатар.
Game of Thrones
Иако крајот беше разочарување за многумина, популарноста на Game of Thrones е феномен каков што не сме виделе претходно, што значи вреди да се изгледа.
Дејството е сместено во средновековен измислен свет каде неколку самопрогласени кралеви се борат за „железниот трон“, несвесни дека главниот непријател им е древно зло кое се нема појавено со милениуми.
Curb Your Enthusiasm
Во забавната комедија, актерот Лери Дејвид глуми измислена верзија од себе. Тој е богат и пензиониран сценарист кој постојано се вплеткува во апсурдни конфликти.
Сигурно ќе ви се допадне серијата ако сакате црн хумор и доза критика на социјалните норми во модерното општество.
Deadwood
Сместено во 1800-тите во американскиот град Дедвуд, дејството на популарната серија ги следи животите на неколку локалци.
Во град каде сè уште не владеат закони и регулации, луѓето се борат за пари, моќ, но и опстанок.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





