Бојан го доби тапанот од Ѓорѓи, кој загина во Кочани, со аманет од татко му: „Свири, за да не престанат да одекнуваат неговите звуци“

„Идејата на неговите прекрасни родители да ми го подарат тапанот произлезе, можеби, од тоа што пред скоро една година, за мојата полуматура, јас имав желба да тропам со неговиот тапан и Ѓорѓи тогаш од срце ми дозволи“, вели 15-годишниот Бојан, кој го доби тапанот од Ѓорѓи, кој загина во пожарот во Кочани.

bojan-15-go-dobi-tapanot-od-gjorgji-koj-pochina-vo-kochani-beshe-car-za-tapani-od-mal-mi-davashe-da-sviram-na-nego-01.jpg

Бојан Трајков (15) e ученик во прва година во гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица.

Минатата недела овој тинејџер, го доби на подарок тапанот на починатиот музичар Ѓорѓи Горѓиев, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

bojan-15-go-dobi-tapanot-od-gjorgji-koj-pochina-vo-kochani-beshe-car-za-tapani-od-mal-mi-davashe-da-sviram-na-nego-05.jpg

Бојан свири од свои 6 години, прво на тарабука, а потоа и на тапан. Тој е самоук, но вели:

„Талентот ми е дарба од Бога, но имам и голема поддршка од моите родители“.

Бојан и Ѓорѓи се познавале долги години, а нивните татковци биле другари од мали, па поради тоа, родителите на Ѓорѓи посакале името на нивниот прерано починат син, но и неговата љубов кон музиката да продолжат да живеат преку вештите раце на Бојан.

bojan-15-go-dobi-tapanot-od-gjorgji-koj-pochina-vo-kochani-beshe-car-za-tapani-od-mal-mi-davashe-da-sviram-na-nego-02.jpg

Младиот музичар, за CRNOBELO.com, раскажа за емотивната средба со мајката и таткото на Ѓорѓи, кои му го подарија тапанот:

„Јас тропав на тапан од дете на фамилијарни веселби, и во основно училиште и во оркестар во гимназија. Со Ѓорѓи се познававме одамна, бевме многу блиски. Мојот татко и татко му на Ѓорѓи се другари од мали.

Сме свиреле заедно на свадби во Струмица, тој ме зеде со него и ми беше многу мило кога ме викна, бев горд на тоа.

Идејата на неговите прекрасни родители да ми го подарат тапанот произлезе, можеби од тоа што пред скоро една година, за мојата полуматура, јас имав желба да тропам со неговиот тапан и Ѓорѓи тогаш од срце ми го даде.

И секогаш кога ми требаше, тој ми го даваше тапанот и секогаш ми беше голема поддршка.

bojan-15-go-dobi-tapanot-od-gjorgji-koj-pochina-vo-kochani-beshe-car-za-tapani-od-mal-mi-davashe-da-sviram-na-nego-11.jpeg

Како изгледаше средбата со нив кога го донесоа тапанот? Ова е најтешкото прашање за мене.

Средбата со нив беше многу тешка.

Прво, татко му Драги ми го даде тапанот во раце со солзи во очите и ми кажа: ‘Бојанче, ти го давам тапанот со една цел - да продолжиш по патот на музиката со тапанот на мојот Ѓорѓи кој е ангел на небото и да не престанат да одекнуваат звуците од овој тапан’, па силно ме прегрна.

А неговата мајка Зорица ми пријде и кажа ‘Ѓорѓи нека свири преку тебе’ и силно ме гушна.

bojan-15-go-dobi-tapanot-od-gjorgji-koj-pochina-vo-kochani-beshe-car-za-tapani-od-mal-mi-davashe-da-sviram-na-nego-07.jpg

Веќе и свирев на тапанот - пред неколку дена, благодарение на неговите родители и нивен близок пријател, музичарот Стојчо Гогов, ме зеде на свадба да свирам со неговите музичари.

Премногу ми значи затоа што Ѓорѓи беше цар за тапани и што баш неговиот тапан, колку и да е жално и болно, ми припадна мене.

За ова сум многу благодарен на неговите прекрасни родители“.

bojan-15-go-dobi-tapanot-od-gjorgji-koj-pochina-vo-kochani-beshe-car-za-tapani-od-mal-mi-davashe-da-sviram-na-nego-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: Приватна архива

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...

Најчитани неделава