Серијата „Сабја“ е посветена на атентатот врз Ѓинѓиќ од 2003-та година: „Не сакавме да го прикажеме како светец“

„Не сакавме да зборуваме за некој спасител. Еден дел од Србија го идеализира Зоран Ѓинѓиќ, а друг го смета за предавник. Не сакавме да го претвориме во Исус Христос“ – велат авторите на серијата „Сабја“ која зборува за атентатот на српскиот премиер.

serijata-sabja-e-posvetena-na-atentatot-vrz-gjingjikj-od-2003-ta-godina-ne-sakavme-da-go-prikazheme-kako-svetec-01.jpg

Во сите српски медиуми деновиве топ тема е почетокот на емитувањето на новата мини-серија „Сабја“ која е инспирирана од атентатот на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ и акцијата што следуваше потоа во која беа уапсени голем број познати личности, меѓу кои и фолк дивата Цеца Ражнатовиќ.

Серијата има вкупно 8 епизоди, на филмскиот фестивал во Кан ја доби наградата за најдобар актерски тим, а се чини дека во Србија и регионот, по првите две емитувани епизоди се отворија голем број стари рани.

serijata-sabja-e-posvetena-na-atentatot-vrz-gjingjikj-od-2003-ta-godina-ne-sakavme-da-go-prikazheme-kako-svetec-02.jpg

Серијата го носи името на полициската акција која се спроведуваше од властите во Србија, „Сабја“, во која беа уапсени 11.665 лица, меѓу кои Цеца и Аца Лукас.

„Постојат толку теории на завери околу ова убиство. Еден пријател ме праша:

‘Како ќе ја направиш оваа серија?’

Во Србија не можете да најдете двајца луѓе што се сложуваат околу она што се случи со премиерот.

Ни требаше да воспоставиме одговорен однос кон вистината, но и да се дистанцираме и да кажеме: ‘Сметаме дека вака се случи’.

serijata-sabja-e-posvetena-na-atentatot-vrz-gjingjikj-od-2003-ta-godina-ne-sakavme-da-go-prikazheme-kako-svetec-03.jpg

Исто така не сакавме да зборуваме за некој спасител.

Еден дел од Србија го идеализира, а друг го смета за предавник.

Не сакавме да го претвориме во Исус Христос – сакавме да покажеме сложен човек кој има маани. Носеше некои радикални одлуки, но за нив презеде одговорност“ – изјави еден од авторите на серијата, Владимир Тагиќ.

Серијата е сконцентрирана на настаните што му претходеле и што следувале по кобниот 12-ти март 2003, кога Ѓинѓиќ бил убиен пред зградата на Владата на Република Србија во Белград.

Додека земјата тоне во хаос и во неа е прогласена вонредна состојба, Даница, младата новинарка се обидува да ја истражи заднината на атентатот, а Борис, полицискиот инспектор, полека ги открива пропустите во рамките на истрагата, откривајќи огромен синџир на корупција.

serijata-sabja-e-posvetena-na-atentatot-vrz-gjingjikj-od-2003-ta-godina-ne-sakavme-da-go-prikazheme-kako-svetec-04.jpg

Од друга страна, публиката има можност да го види младиот криминалец Урош, кој сѐ подлабоко навлегува во активностите на криминалниот клан кој го извршил атентатот, и сѐ потешко може да најде начин да излезе.

serijata-sabja-e-posvetena-na-atentatot-vrz-gjingjikj-od-2003-ta-godina-ne-sakavme-da-go-prikazheme-kako-svetec-07.jpg

Улогата на Зоран Ѓинѓиќ ја толкува актерот Драган Миќановиќ, улогата на новинарката Даница ја толкува Милица Гојковиќ, Љубомир Бандовиќ е полицаецот Борис, додека Лазар Тасиќ ја толкува улогата на криминалецот Урош.

serijata-sabja-e-posvetena-na-atentatot-vrz-gjingjikj-od-2003-ta-godina-ne-sakavme-da-go-prikazheme-kako-svetec-06.jpg

Во серијата се појавува и Сергеј Трифуновиќ кој ја толкува улогата на криминалецот Милорад Улемек Легија.

Во време на војните од 90-тите години, Легија бил командант на паравоената единица на доброволната гарда на Жељко Ражнатовиќ Аркан, а подоцна станал командант на Единицата за специјални операции во Ресорот на државната безбедност во српското МНР, кое учествувало во атентатот врз Ѓинѓиќ.

serijata-sabja-e-posvetena-na-atentatot-vrz-gjingjikj-od-2003-ta-godina-ne-sakavme-da-go-prikazheme-kako-svetec-05.jpg

Прекарот го добил заради тоа што бил дел од француската Легија на странци.

Легија беше осуден на максимална затворска казна од 40 години и се смета дека тој бил нарачател на атентатот врз Ѓинѓиќ.

Сѐ на сѐ, се очекува ова да биде серија што ќе им се допадне на сите оние што сакаат да гледаат политички трилери, иако во Србија и во регионот првите две епизоди ја разбрануваа јавноста и ги навратија на периодот пред 21 година.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026 Римејк на морничавиот Cape Fear од 1991-ва, адаптација на популарната Lord of th...
Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
Актери кои освоиле Оскар секојпат кога биле номинирани Кристоф Волц има освоено две статуетки за споредна улога, и тоа во филмови на Кв...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
10-те најконтроверзни филмови и серии на Нетфликс 365 Days можеби беше многу популарен, но беше критикуван дека го прикажува насил...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...

Најчитани неделава