Браво! Осамна мурал од Андреј од ДНК на ѕид во кафуле во Скопје - трогната и неговата сопруга
- Детали
- вторник, 06 мај 2025
„Толку ги слушав и пуштав ДНК во моето кафуле што почнаа да ми викаат ‘Досаден си Дамјан, дај смени…’”, вели дечкото кој направи мурал кој ќе нè потсетува на ликот и делото на Андреј. Нашата блескава музичка ѕвезда која прерано згасна...
Дамјан е сопственик на локалот „Шо има?“ во Скопје, каде сега осамна мурал посветен на трагично и прерано загинатиот Андреј од ДНК.
Муралот го сподели и сопругата на Андреј, Наталија.
Инаку, на муралот нацртан е неговиот лик и напишани се дел од стиховите од песната на ДНК „Круг“.
Оваа песна всушност му била омилена на Дамјан.
За муралот Дамјан вели:
„Заедно сите расневме, се смеевме, забавувавме, журкавме до бесвест, тагувавме, плачевме, посветувавме песни на новите и стари љубови, едноставно од старо до мало сите ги обожававме…!
Тргнувајќи од себе љубовта кон Андреј и ДНК секојдневно ги пренесував низ нивните песни во кафулето, толку ги слушав што почнаа да ми викаат „Досаден си Дамјан, дај смени…”
Кобниот ден отидов сам во мојот локал @shoima.mk да читам книга мислејќи дека малку ќе ми помогне од целиот шок, но ме прекина веста за Андреј…
Затоа решив 3-те работи што ми значат да ги спојам во едно: кафулето, Андреј и омилената песна од него. Ова е најмалку што можев да направам.
Андреј ќе живее вечно, како низ песните така и муралот ќе не потсеќа на неговото дело и ќе ни буди добри спомени.
Искрено благодарам на @___nw99_ и неговата екипа што ме поддржаа и ми помогнаа за ова дело!“
Стиховите се од песната на ДНК „Круг“:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





