Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат
- Детали
- петок, 05 јуни 2026
„Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без никаква заработка“, велат Тања Станковиќ Димовски и Игор Димовски, нашите музички ѕвезди од 90-тите, кои почнаа од 0 живот во САД пред 20 години и сега имаат хумана мисија да транспортираат и вдомуваат бездомни кучиња од Македонија во САД.

Музичките легенди во 90-тите години на македонската поп-рок сцена, Тања Станковиќ Димовски и Игор Димовски веќе околу 20-тина години живеат и работат во Америка.
Покрај тоа што музиката е сè уште нивна пасија и љубов, тие се и големи хуманитарци.

Спасуваат улични кучиња од Македонија, поточно од Скопје и ги носат во Америка за да ги вдомат.
Целиот тој процес не е баш едноставен и лесен, но кога има желба и волја, има и начин.

Тања и Игор велат:
„Сме помогнале на многу кучиња, од различни раси, но ете конкретно сме вдомиле околу 30-тина кучиња, шарпланинци.
Таа раса скоро и да ја нема во Америка, па затоа се многу посакувани, необични и убави”, искрен е Игор во поткастот.

„Да, сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без никаква заработка.
Тоа е наша хумана мисија и цел, да им дадеме на тие животни шанса за подобар живот”, кажува Тања за оваа хуманитарна мисија.

Игор и Тања Димовски се музичари кои во 90-тите години во Македонија градеа музички кариери.
Тања како пејачка, доста успешна и позната во тоа време, а Игор како гитарист на групата ,,Парамециум”, рамо до рамо со легендарниот Гарабет Тавитјан.

Но, животот и судбината ги носи во Америка. Освен што почнуваат живот од нула, во непозната средина, со непознати луѓе, тие се исто и тотални анонимуси во туѓината.

Полека, но сигурно, година по година си го наоѓаат местото под сонцето во Америка, односно во околината на Чикаго, каде денес живеат и работат.
За тоа како течел нивниот живот и како се снашле преку големата бара ќе дознаете токму од нив во најновото издание на подкастот „Марија во Америка“ на YouTube.

Стара песна од Тања Станковиќ Димовски:
Погледнете го целото гостување:
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
