Убави Македонки - Чарна Невзати ќе нè претставува на Мис на светот: „Убавината е моќна предност, но доаѓа и со стереотипи“
- Детали
- понеделник, 05 мај 2025
„Претставувањето на Македонија не е само можност, тоа е и одговорност да му покажеме на целиот светот кои сме - нација на срце, наследство и надеж!“ - вели нашата убавица Чарна, која ќе ја претставува земјава на претстојниот избор за Мис на светот.
Чарна Невзати (20) од Скопје е Македонка со впечатлива убавина и моден стил.
Таа е студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, а се занимава и со моделинг, како дел од агенцијата Max Models.
Убавината на Чарна не останува незабележана - каде и да се појави, сите се вртат по неа.
Но, таа ќе биде и девојката што ќе ја претставува Македонија на изборот Мис на светот што од 7 до 31 мај ќе се одржува во Телангана, Индија.
Чарна ни откри детали за претстојниот избор за Мис на светот, а призна дека својата самодоверба ја добива од косата: „Таа е мојот заштитен знак“.
За CRNOBELO.com, Чарна споделува:
„Убавината може да биде моќна предност - привлекува внимание, отвора можности, па дури и може да ја зголеми самодовербата.
Но, таа доаѓа и со притисок, стереотипи и ризик да бидете потценети или осудувани само според изгледот.
Вистинскиот успех лежи во користењето на убавината како мост, а не како дефиниција.
Мојата коса е дефинитивно мој заштитен знак. Таа ми дава самодоверба!
Самодовербата го претвора потенцијалот во присуство. Кога верувате во себе, зрачите со убавина што ниедно огледало не може да ја одрази и ниедна круна не може да ја дефинира.
Јас ја балансирам дисциплината и радоста - останувам хидрирана, спијам доволно и си давам моменти за ментално „полнење“. Малите дневни навики се мојата тивка супермоќ.
Не тренирам, но ги сакам долгите прошетки, бидејќи ме смируваат, а воедно и ме одржуваат во форма. Целам да се движам секојдневно.
Интовремено сум тотален гурман - обожавам зачинети и лути јадења (мексиканска и кинеска кујна).
Добрата исхрана не е за ограничувања, туку за уживање во јадењето што ги храни и телото и душата“.
За престојниот избор за Мис на светот, таа вели:
„Бев избрана преку процес на кастинг и гордо ќе ја претставувам мојата земја на Мис на светот во Телангана, Хајдерабад, Индија од 7 до 31 мај.
Претставувањето на Македонија не е само можност, тоа е и одговорност да му покажеме на целиот свет кои сме, нација на срце, наследство и надеж!
Се надевам дека ќе растам преку ова патување, ќе воспоставам значајни врски и ќе ја искористам платформата за да бидам гласот на безгласните“.
Сепак, прва љубов на Чарна е правото:
„Во декември 2023 победив на ораторската вечер 'Иво Пухан' која се одржа на Правниот факултет 'Јустинијан Први', при УКИМ во Скопје на тема 'Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот'.“
Повеќе фотографии од неа:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





