Ќерката на Карлеуша дрско одговори на сите кои ја критикуваат за изгледот: „Јас лесно ќе ослабам, а вие не сте подобри“

„Јас можам лесно да намалам 5 килограми, тоа не е тешко. Но, дали вие можете да ги промените вашите особини? Не можете. А, јас ќе ослабам, ако имам волја, ќе го направам тоа“ - вели Ника Тошиќ во видеото во кое е видно вознемирена и го повишува гласот, иако сака да делува како да не ѝ е гајле за злобните коментари. 

kjerkata-na-karleusha-drsko-odgovori-na-site-koi-ja-kritikuvaat-za-izgledot-jas-lesno-kje-oslabam-a-vie-ne-ste-podobri-01.jpg

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Ника, е многу активна на социјалните мрежи, посебно на ТикТок.

Таа редовно објавува видеа додека се снима како се подготвува во текот на денот и зборува на разни теми, а често знае и да се пожали.

Минатата година, кога започна да оди во средно училиште, се жалеше дека првите денови ѝ се пекол и дека тешко наоѓа пријатели, но често се наоѓа во медиумите заради тоа што е гласна на сите теми, слично како мајка ѝ.

Прочитајте повеќе: „Те гледаат попреку заради родителите“ – Ќерката на Јелена Карлеуша се жали дека првите денови во средно ѝ се пекол

kjerkata-na-karleusha-drsko-odgovori-na-site-koi-ja-kritikuvaat-za-izgledot-jas-lesno-kje-oslabam-a-vie-ne-ste-podobri-02.jpg

Овој пат, Ника на ТикТок откри дека се соочува со многу критики за нејзиниот изглед и за вишокот килогарами.

Таа објави кратко видео во кое јасно и гласно им доловува на „хејтерите“ дека не ѝ е гајле што зборуваат, но сепак изгледа прилично вознемирено, па дури на моменти и вика.

Нејзината порака која ја упатува во видеото, гласи:

„Јас? Кога ќе намалам тежина, готово е! Кога добивам хејт, тоа е само заради мојата тежина.

Јас можам лесно да намалам 5 килограми, тоа не е тешко. Но, дали вие можете да ги промените вашите особини? Не можете.

Ама најјаки ми се оние луѓе кои коментираат нечиј изглед, а немаат право тоа да го зборувам.

kjerkata-na-karleusha-drsko-odgovori-na-site-koi-ja-kritikuvaat-za-izgledot-jas-lesno-kje-oslabam-a-vie-ne-ste-podobri-03.jpg

Да не кажам за кого е, ама немате право да коментирате нечиј изглед, ако не сте ништо подобро.

Јас ќе ширам позитива, океј е да имате неколку килограми повеќе, јас секако ќе ослабам, затоа што е тоа лесно и јас ако имам волја ќе го направам тоа.

Тоа не е до тебе, тоа е до мене! Тоа е тоа...“

@frnotnika

Kako ste mi

♬ original sound - Nika Tošić

Во коментари под видеото, таа добива поддршка, но и пофалби за изгледот:

„Ника ти си најубава!“ / „Фустанот ти стои бомба!“ / „Кажи им!“ / „Најубава“...

Инаку, Ника е помалата ќерка на Јелена и Душко, која постојано застануваше на страната на мајка ѝ додека минуваа низ тешки моменти за време на „војните“ кои ги водеа нејзините родители јавно за време на долгиот развод.

Прочитајте повеќе: Карлеуша во нова „војна“ со Душко Тошиќ - помалата ќерка застана на страната на мајка си

Погледнете повеќе фотки од Ника: 

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гените се чудо: Ќерката на Гоца Тржан порасна во вистинска убавица - ужива на јахта со другарките Откако прослави полнолетство, Лена почна поинтензивно да објавува фотографии на ...
Јелена Карлеуша со дрзок коментар за Теа Таировиќ: „Смрди на евтино и преку екран“ Запрашана што мисли за стилот на Теа Таировиќ, која се фотографираше во костим с...
Српска водителка: „Мајка ми се омажи за татко ми за 7 дена, јас за саканиот за 1 месец“ „Се омажив за Бранко, кој е воен пилот... По само месец и пол врска решивме да с...
Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ е бикини кралица во Шпанија - Која е тајната на нејзиниот фит изгл... Џина Џиновиќ стравува од генетиката, со оглед на тоа што нејзината мајка Мелина ...
Ќерката на црногорскиот пејач Кнез ја откажа свадбата - бремена е 5-ти месец, 11 години е во љубов Taa се прослави како член на групата Hurricane, тој потекнува од угледно белград...
Јелена Карлеуша (47) разочарана од кошаркарот (31) со кој ја поврзуваа: „Не сакал омразата кон мене ... „Се сеќавате на онаа приказна од летово дека сум во врска со оној кошаркарот. Ко...

Најчитани неделава