9 трикови за организирање мал гардеробер
Искористете го просторот на вратите, а облеката во фиоки, како маички и пижами, свиткајте ја во ролни за да ви биде попрегледна.
Не сте единствени ако сонувате за огромен гардеробер каде целата облека може да ви биде изложена на закачалки, па дури и да имате посебно место за чанти, чевли, накит…
Не сте единствени ни ако имате мал гардеробер кој сепак почесто е норма за разлика од оние пространите, големи колку цела соба.
А, штом имате мал гардеробер, знаете каков предизвик е да ја средите облеката така што ќе можете да видите сè што има внатре, а притоа да не владее хаос.
Ако ви треба малку помош за организирањето на гардероберот, сигурно ќе ви се најдат следниве трикови:
Искористете го просторот на вратите
На вратата можете да ставите закачалки за чанти, накит, долна облека...
Секако, осигурете се дека ќе ги закачите овие внимателно за да можете да го затворите гардероберот.
Закачувајте ја облеката од најдолга до најкратка
За делот со закачалки да изгледа поуредно и полесно да се снаоѓате, закачувајте ја облеката според должина. Почнете од најдолгите парчиња на едниот крај, а на другиот завршете со најкратките.
На овој начин ќе ви се ослободи и простор под кратките парчиња.
Закачувајте ги закачалките една на друга
Иако постојат вакви закачалки, не мора купувате нови, туку само искористете го металниот дел од лименките кој служи за отворање.
Наместете го како на фотката подолу, па двете закачалки ќе зафаќаат простор само за една.
Ротирајте ја облеката според сезоната
Немојте во гардероберот да ги чувате и зимските и летните алишта.
На почетокот од пролетта, соберете ги џемперите и целата зимска облека во вреќи, куфери и слично и сместете ја или во друг шкаф, или под кревет, па и во шпајз. Само осигурете се дека е добро спакувана за да не се оштети.
Кога времето ќе залади, направете го истото со летната облека. Вака гардероберот ќе ви изгледа многу посредено.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





