8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење
Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви се најде“? Верувајте, вистинско време е да го фрлите. Веднаш!

Дали ви се случило да сфатите дека дома само непотребно „трупате“ предмети кои или никогаш не ги користите или имате многу исти или слични парчиња, па не ви се потребни?
Наместо да го „гушите“ домот со овие предмети, би требало да се ослободите веднаш од нив. И тоа, без никакво жалење.
Кои предмети се на оваа листа?
Папучи за дома
Многу луѓе си купуваат папучи кога ќе им притребаат, но исто така многу луѓе добиваат папучи на подарок за роденден или за нова година.
Тука се и папучите оставени во хотелските соби кои сите си ги земаме за дома.
Па, според оваа логика, дома имаме многу повеќе папучи од она што навистина ни треба.
Затоа, веднаш фрлете ги папучите кои се стари, износени, лити, со дупки, колку и да ви се омилени и почнете да ги носите новите (нема потреба само да ви стојат спакувани и да фаќаат прашина).

Ист тип облека
Колку слични (или исти) блузи или панталони имате во плакарот?
На пример, некои луѓе обожаваат линии и морнарски принт, па во нивниот плакар има голем број блузи во овој стил. Или, во принт со точки. Или неколку црни еднобојни ролки.
Или, пак, пепито панталони или модели со линии.
Ако вашиот плакар изгледа како навистина да имате само едно парче облека (а истото да го имате во многу различни варијанти), фрлете ги оние парчиња кои се постари од 3 години, кои се развлечени или ја смениле бојата од перење.

Спортски градници
Овие градници многу брзо се развлекуваат, па наместо да се чувствувате непријатно додека вежбате во нив (зашто се широки и не ве стегаат доволно), фрлете ги и купете нови.

Венчиња за коса со големи или демоде украси
Понекогаш не сакаме да фрлиме некои предмети бидејќи сме сентиментално врзани за нив. На оваа листа е и накитот, но и венчињата за коса.
Моделите кои се одамна аут, кои сте ги носеле во детството (или вашата ќерка), со големи украси како цветови или светки, а за кои знаете дека веќе никогаш нема да ги ставите на глава, време е да ги фрлите.
И барем еднаш годишно разгледајте што имате во кутиите со накит и аксесоари, па ослободете се од сè што ви е непотребно.

