9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес

Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку помали во текот на годината. На пример, во пролет исперете ги теписите, во лето темелно исчистете ги прозорците, а во зима средете ги гардероберите и ослободете се од облеката што не ја носите.

9-domakjinski-trikovi-od-nashite-babi-shto-kje-vi-se-najdat-i-denes-01.jpg

Нашите баби немале безброј средства, апарати и што уште не што ќе им помагаат во домашните обврски. Па, морале да бидат снаодливи за да си ја олеснат работата.

Но, само затоа што некои трикови ги користеле пред половина век и повеќе, не значи дека не се ефикасни и денес.

Девет домаќински трикови од нашите баби што сигурно ќе ви се најдат:

Правете сезонско чистење на домот

За да не правите генералка на целиот дом одеднаш, подобро е да направите неколку сезонски во текот на годината.

На пример, можете да си направите распоред сличен на овој:

  • Пролет – исперете ги теписите и фрлете ги непотребните предмети од домот
  • Лето – темелно исчистете ги прозорците, а ако живеете во куќа, исчистете го и целиот екстериер
  • Есен – темелно исчистете ја гарнитурата, масите, столовите и исчистете ги оџакот и шпоретот, климата или грејните тела што ги користите во зима
  • Зима – темелно исчистете ги душеците, перниците и гардероберите и ослободете се од облеката што не ја носите

9-domakjinski-trikovi-od-nashite-babi-shto-kje-vi-se-najdat-i-denes-02.JPG

Искористете стара облека како крпи

Ако имате оштетена и искината облека која не е погодна за носење, тогаш претворете ја во крпи за бришење.

Овие крпи може да ви се најдат за сè, особено за многу валкани работи за кои не сакате да си ги уништувате поубавите крпи.

9-domakjinski-trikovi-od-nashite-babi-shto-kje-vi-se-najdat-i-denes-03_copy.JPG

Освежете го дрвениот мебел со восок за чевли

Безбојниот восок за чевли може да ви помогне да го освежите дрвениот мебел бидејќи може да ги скрие и оштетените делови.

Најдобро е да го користите за ногарки и делови од мебелот кои не ги допирате со раце.

9-domakjinski-trikovi-od-nashite-babi-shto-kje-vi-se-najdat-i-denes-04.JPG

Отстранете восок од свеќа со мраз

Ако ви се истури восок на подот или на мебелот, можете да го отстраните со мраз.

Во ќеса ставете коцки мраз, па држете ја врз восокот. Тој брзо ќе се стврдне, па лесно ќе го извадите.

9-domakjinski-trikovi-od-nashite-babi-shto-kje-vi-se-najdat-i-denes-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 лесни навики со кои домот ќе ви остане среден до следната генералка Не купувајте непотребни работи и стекнете навика секогаш да ги враќате предметит...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg